ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикаже дека сѐ е катастрофа откако тие не се на власт

November 11, 2024 11:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.

Како што рече, очекува да го добие денеска или утре, но по обвинувањата за чести смртни случаи на Клиниката смета дека „посебно албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикаже дека сега е сѐ катастрофа откако тие не се на власт“.

Во изјава за медиумите пред настан на кој беа презентирани резултати од воздухот во училишта и градинки во пет општини во државава, Таравари изјави дека и да биле „една, две, три години на власт, здравствениот систем повторно не може преку ноќ или за неколку месеци да се подобри“.

-Ова што се случува е, секако, последица на тоа што го наследивме. Меѓутоа, како и да е, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и навистина патологијата била тешка, бидејќи од менингоенцефалитис секаде на светот починуваат деца, за жал, па се случува и кај нас. Директорот покажа и статистика за морталитетот на клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат. На некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, ќе кажеме дека починало некое дете. Кога се работи за лекарски пропусти, ние презедовме чекори, но за тешки пациенти, кои имаат сериозни болести,  болниците се место каде што се лекуваат и, за жал, некои луѓе и починуваат, рече министерот.

Во  врска со обвинувањата на Европскиот фронт дека со одлуката да не се брои нерезидентното население ќе се намали бројот на советници во општините, Таравари одговори дека треба самите да се критикуваат зашто самките го донеле законот додека биле на власт.

-Јас не знам што бара Европски фронт. Овој закон кој е актуелен не го сменивме ние сега, тој е закон што го донесе Европски фронт во минатата влада кога се правеше пописот на населението во Македонија. Така што, треба самите себеси да се критикуваат. Да беше закон што сега го носиме, во ред, меѓутоа закон што е донесен пред пет или четири години и сега го критикуваат -не знам, ова е лудница, додаде Таравари.

Next Post

Извештај за инклузијата на Ромите: Северна Македонија активно пристапува кон подобрување на состојбите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk