Група провокатори со качулки и маски, кои дојдоа на протестот пред Владата на Србија, кој се одржа поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, беа избркани од насобраните граѓани, објави ТВ Н1, пренесе Мета.
Како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи и на Инстаграм страницата Serbialive_Beograd, во толпата стојат неколку момци со качулки на главата и маски на лицето, а потоа насобраните граѓани ги бркаат со навредливи извици и извици „уа, одете си“.
View this post on Instagram
Како што потсетува Н1, група маскирани лица упаднаа меѓу демонстрантите минатата недела на протестот во Нови Сад и кршеа и уништуваа градски имот.
Сношти во Белград се одржа протестен собир поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, а организаторите и насобраните граѓани бараа оставка од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Покрај политичката одговорност, јавноста во Србија бара и кривично да одговараат сите оние кои на кој било начин – преку дејствување или непостапување – се виновни за падот на настрешницата и за трагедијата што се случи.