ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за експлозијата во Керамидница

November 14, 2024 15:38
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија во врска со експлозијата во семејна куќа во Керамидница во која беше повредено едно лице.

Од Јавното обвинителство информираа дека по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзорот на објектите и дека подигнатите траги од местото на настанот ќе бидат предмет на вештачење.

Дел од медиумите јавија дека се работи за Раде Трајковски-Штекли, кој досега двапати беше мета на напад. Минатата година кон него беше пукано во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

– Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопшти МВР.

Повредениот е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а според информациите во дел од медиумите, е надвор од животна опасност.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски во врска со овој случај најави безкомпромисна борба против организираниот криминал. – Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, рече денеска Тошковски.

Поврзано:

Увид на местото каде беше фрлена бомбата, повредениот е надвор од животозагрозувачка состојба

Next Post

На патот Катланово - Велес после тунелот Бадар поради незгода сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk