ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По патиштата во Дебарско се препорачува внимателно возење поради влажните коловози и помали, но чести одрони

November 15, 2024 16:30
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во поширокиот дебарски регион поради дождот, присутен во изминатите два дена има појава на мали, но чести одрони на влажните коловози, поради што се препорачува внимателно возење.

Екипи на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, се постојано на терен во расчистување на одроните и сообраќајот се одвива без проблеми.

– Работиме со постојано дежурство, со комплетни екипи и потребната механизација. Нашите екипи се постојано на терен во расчистување на помалите, но чести одрони камен на коловозите. Поради одроните и влажните коловози апелираме на внимателно возење и строго почитување на сообраќајните правила и прописи, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Посочи дека во моментов на патните правци кои се под надлежност на секцијата нема снежни врнежи и нагласи дека располагаат со доволна количина абразивен материјал и соодветна механизација.

-Во нашиот пункт, лоциран во селото Долно Косоврасти моментно имаме доволно резерва на сол и ризла, што сметаме дека е доволно за одржување на патиштата кои се под наша надлежност. Но, доколку има потреба, ќе набавиме дополнителни количини. Исто така располагаме и со потребната механизација, рече Лиманоски.

Под надлежност на секцијата се патишта во должина од над 110 километри кои минуваат низ поширокиот дебарскиот регион, кој е познат по обилните снежни врнежи и чести лавини и одрони.

Тоа се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: внимателно возењеДебарско
Next Post

Водата во Тетово со невообичаен вкус и мирис, надлежните уверуваат дека е безбедна за пиење

НАЈНОВО

Скриншот

Договорено примирје меѓу Авганистан и Пакистан по разговорите во Катар и Турција

October 19, 2025

Народен правобранител: Бесплатна линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 19, 2025

„Хуморот е кисел, балканската реалност непроменета“ – „Hароден пратеник“ на МНТ со овации во Брчко

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk