ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Институциите во една држава-членка на ОН имаат обврска да ги промовираат и почитуваат принципите на толеранцијата

November 16, 2024 12:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ ги повикува државата, институциите, граѓанското општество и медиумите активно да придонесуваат кон градење на културата на дијалогот, мирот и ненасилството, да ги прифатат и уважуваат различностите како богатство, и максимално да ги почитуваат универзалните човекови права и слободи. Државите, политичките и други центри на моќ, кои ги кршат човековите права, спроведуваат насилство и водат војни треба да се сопрат и да се соочат со одговорност за сторените злосторства.

Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на изразување и начини да се биде човек. Дел од принципите на толеранцијата е и признавање на универзалните човекови права и слободи.

Сите актери во општеството и во државата (членка на ОН) имаат обврска да покажат максимална волја и да преземат конкретни акции за обединување на различностите независно од етничките, верските и расните разлики, политичките убедувања, социјалната положба и сексуалната ориентација.

Во 1996 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 51/95 со која 16 ноември се прогласува за Меѓународен ден за толеранција.

Оваа резолуција уследи по усвојувањето на Декларацијата за принципите на толеранцијата од страна на земјите-членки на УНЕСКО на 16 ноември 1995 година.

Меѓу другото, Декларацијата потврдува дека толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност.

Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на изразување и начини да се биде човек. Дел од принципите на толеранцијата е и признавање на универзалните човекови права и слободи.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги негуваат солидарноста, взаемното разбирање и да ги почитуваат различностите во секојдневната комуникација и во воспитувањето на младите генерации.

Институциите во една држава-членка на ОН имаат обврска да ги промовираат и почитуваат принципите на толеранцијата и да ги соопштуваат резултатите од своите политики и практики предвидени со Декларацијата за принципите на толеранцијата и Резолуцијата 51/95. 

По повод Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува меѓународните институции и организации, да стават крај на насилствата и војните со воспоставување праведен мир, со спроведување на меѓународното право во целост. Државите што спроведуваат агресија и воени злосторства треба да се соочат со полната сила на меѓународната правда, а не да ги узурпираат и да уживаат во привилегиите на меѓународните организации, како што тоа го прави Руската Федерација и други држави во светот.

Институциите во една држава членка на ОН имаат обврска да ги промовираат принципите на толеранцијата и да ги соопштуваат резултатите од своите политики и практики предвидени со Декларацијата за принципите на толеранцијата и Резолуцијата 51/95. 

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е простор за изразување на слободната мисла, независно од каква било општествена или политичка ориентација или било каква припадност. Социјалните мрежи се јавен простор на кој граѓанките и граѓаните можат слободно да си ги искажат своите ставови околу одредена тема што е објавена на медиумските платформи на ЦИВИЛ. Но кога тоа се прави без основно почитување на различното мислење, со навреди, говор на омраза, клевети и нетолеранција кон различното, тоа е надвор од секаква конструктивна дебата и достоинствен дијалог.

ЦИВИЛ ги почитува, застапува и промовира универзалните човекови права и слободи, а со тоа и принципите наведени во Декларацијата за толеранција, од самото основање пред 25 години.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Меѓународен ден за толеранцијаЦИВИЛ

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се заплеткува во лавиринтот на европските преговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk