ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пропадна „митот“ за „супериорност на ВМРО-ДПМНЕ во економијата“

November 18, 2024 11:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Останата без митот дека „умее со економијата“ и „има кадри“, ВМРО-ДПМНЕ веќе зависи само од догмата дека “наследникот на Организацијата” е поголем од државата.

„Митот“ за „супериорност на ВМРО-ДПМНЕ во економијата“ пропадна.

Маржите на снабдувачите и трговците ги изедоа пензиите, минималната и просечната плата се изедени од трговските маржи, откако Владата во премолчан договор со нив не ги ограничи и контролира.

По задолжувањата со унгарските кредити, Владата сега (ќе) се пазари со банките како и овие средства да ги стави на располагање на постоечките фирми, особено големите, кои и онака или се формирани со приватизацијата и/или веќе на големо учествуваат на тендери од јавните буџети. А каматите пак одат на грб на граѓаните.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ја отплаќа „услугата“ за предизборната поддршка кон коморашката тајкунерија – со поволни кредити за овој круг фирми и со тоа – со спречување на конкурентноста на новите претприемачи вон „контролираниот круг“.

За економијата и финансиите да останат затворени, а реиндустријализацијата невозможна.

„Митот“ за кадровска подготвеност на ВМРО-ДПМНЕ исто така пропадна.

Децениски произведувајќи човечки ресурси квалификувани за партиско запоседување на институциите, ВМРО-ДПМНЕ очекувано кадровски спадна на пресекот од тогашните „јуноши“ растени под покровителство на Груевски, Ставрески, Јанакиески, Мијалков и Јанкулоска, вклучително и самиот Мицкоски.

Кадровската политика на ЗНАМ втемелена на „СДСМ-ренегати“ ќе задоволува 1 од 10 „бегалци“ само до локалните избори, а како ќе наближуваат уставните дополнувања, самиот Димитриевски ќе станува товар за Мицкоски.

Атрактивноста на ВЛЕН зависи од тоа дали по претстојните локални избори ќе се прикаже како победник во однос на ДУИ. Операцијата „Исцеден лимон“ на ВЛЕН може да им ја објасни „војводата“ Мендух Тачи. Меџити впрочем знае зошто Мицкоски веќе не предупредува на „дестабилизација од ДУИ“.

И „Митот“ за „странците“ е завршен. Дипломатите во Скопје ќе се држат до потпишаните и преземените обврски на државата Северна Македонија.

Сега прашањето „Што сакате да постигнете“ е пред гласачите во РСМ (и особено пред Македонците), државните функционери и опозициските политичари.

Едноставно – и со Георгиевски и со Груевски и особено сега со Мицкоски се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ сепак е само партија, а нејзината догма дека е “наследник на Организацијата” и “код на Македонецот” се распаѓа како наближува соочувањето со самата историја на Организацијата и правците во неа.

Неспособноста на (ова) ВМРО-ДПМНЕ да испорача резултати (во денешницата) само 6 месеци по изборите – е обврска за опозицијата (вклучително СДСМ) да се соочи со предностите и должностите кои ги има:

  1. Преспанскиот и „Софискиот“ договор и Преговарачката рамка (сосе „францускиот предлог“) се и добри и правилни.

Затоа се прифатени и од Мицкоски и од Силјановска.

  1. Напуштањето на ЕУ-интеграциите и на борбата со корупцијата би биле поразителна неконзистентност штетна по нацијата.

А за неконзистентност – и југословенско Скопје и Брисел и Вашингтон си го имаат ВМРО-ДПМНЕ.

  1. „Јунаците се познаваат кога е тешко“.

Доколку Владата не ги поднесе уставните амандмани и дополнувањата на законот за рестриктивни мерки до крајот на 2024 – тоа е обврска за опозицијата веќе во јануари 2025.

  1. Посветеност на нацијата на Северна Македонија.

Административното укинување на стекнатите права на немакедонските заедници е закана по македонскиот народ, кој веќе утре ќе се откажува од своите придобивки под притисок на сопствената влада подредена на линијата „Будимпешта-Бањалука-Белград“.

  1. Ниту една партија или движење во опозицијата веќе не е „стожерна“.

Со изборните резултати 2024, сите сме мали. Некои од нас се помали, да, но нема основа да живееме во илузии на лажни големини.

  1. Ослободување од неприродните партнерства.

На пр. опозицијата не треба да се грижи која од двете групации во ЛДП се „повеќе ВМРО“. Тоа прашање слободно нека си го уредат како дел од власта.

  1. Ослободување од претходниот политички баласт.

Ако Нова република расчистува со југо-тајкунската економија и југо-македонистичката политичка матрица во граѓанскиот центар, СДСМ ослободен од корупциско-кадровските талози во и околу себе побрзо ја враќа граѓанската левица на своите природни позиции.

Дискрепанцата меѓу ветеното и оствареното од Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави опозициското расположение во моментот да биде поголемо од капацитетот на опозицијата да го канализира во јасни политики и одговорно однесување.

Наша обврска е да го преточиме во одговорна кадровска и политичка понуда. И работа. Тоа на граѓаните ќе им ја врати довербата не само во партиите и лидерствата, туку и во самата држава.


Текстот е личен став. Преземено од фејсбук-профилот на Авторот
Next Post
Mojmir Mihatov

Колепка

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk