Холандскиот уметник Бернднаут Смилде без напор создава меки, необични, но совршени облаци на различни локации во затворен простор. Веќе неколку години, тој го практикуваше ова и создаде серија по име Нимбус .
Облаците и нивните различни значења
Смилде ја создава својата уметност со употреба на чад, воздух, светлина или вода. Низ целиот свет, присуството на облаци често доаѓа со различни значења кои најчесто спаѓаат во опсегот на несреќа, обилни врнежи или едноставно дамка на совршено чист и светол ден. Смилде, сепак, избра да ги игнорира сите овие негативни конотации и да ги претвори во форма на забава. Од 2010 година, тој ја усоврши уметноста на менување на временските услови во затворен простор и правење облаци да се појавуваат на најмалку очекуваните простори.
Како се создаваат облаците?
Тоа е задача која бара детално планирање и подготовка и се состои од преземање контрола на температурата и временските елементи на просторот што сака да го создаде своето дело. Влажноста на просторот треба да се контролира додека постојано се зголемува содржината на влага во воздухот во просторот. Осветлувањето потоа се прилагодува за да се создаде реален и драматичен ефект. Со соодветни услови, машината за магла ослободува тешка и влажна, густа магла, која изгледа исто како реален облак на небото.
Интервју со Бернднаут Смилде, 2014 година
Нимбус е проект кој ја изнесува идејата за создавање облаци во простори кои не треба да содржат облаци, за гледачите да можат на таквата појава да и дадат различни значења и често се местат во простори како лифтови, балкони, ходници и скали. Неговите облаци знаат да бидат доста заканувачки и застрашувачки и сепак да донесат чудно спокојство со себе иако не се на место. Овој конфликтен поим е она што ја прави работата на Смилде уникатна.
Не многу луѓе ја виделе работата на Смилде во живо бидејќи облаците траат само десет секунди, што е доволно време за фотографирање. Облаците не постојат долго време, а нивното постоење на фотографии е единствениот начин да се докаже дека некогаш постоеле. Фактот дека сликите на уметничкото дело ги спојуваат реалноста и претставувањето го прави уметничкото дело уште попосебно.
Извор: Public Delivery
Подготви: Б. Т.