ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Владата ги намалува парите за малите и средните претпријатија, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните

November 19, 2024 11:32
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Власта со предлог Буџетот за 2025 година од 6,5 милијарди евра има големи проекции, но истите ако не се остварат ќе имаме влошување на фискалната консолидација во земјата, сметат економските експерти и опозициските политички партии.

– Со предлогот се планира раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во однос на планираните од минатата година, тоа тешко да се оствари во отсуство на овогодинешна даночна реформа затоа што слушнавме дека ќе имаме одреден напредок во 2026 година и во услови на инфлација и забавен раст на платите, велат од опозициската СДСМ, додавајќи дека покрај ова има и даночни приходи, кои се планирани да растат уште и посериозно, како и раст на БДП од 3,7% во 2025, што исто така не го зема предвид забавувањето на економијата во еврозоната, посебно во Германија.

Според нив кај тековните расходи, најголем е растот масата на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, како што потенцираат, на прв поглед изгледа во ред, но треба да се постави прашањето колкав дел од тие плаќање ќе останат во македонската економија.

– Нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, за поддршка на земјоделството средствата се намалуваат од 128 во 2024 на 117 милиони евра. Се намалуваат средствата за поддршка на развој на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18. Тие се двигателот во бизнис заедницата, а од друга страна за поддршка на странски инвестиции има 36 милиони евра, истакнува опозицијата, и констатира дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната влада, како коридорите на Бехтел и Енка кои беа „криминален проект“, а сега се високо на агендата проектите за реализација на новата влада. Со предложениот буџет за 2025 година чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача опозицијата.

Од опозицискиот блок на партиите на Албанците, здружени во „Европскиот фронт“ велат дека предлог-буџет ја истакна историската лага на вицепремиерот Изет Меџити за изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Пратеничката Рина Ајдари информираше дека Фронтот предложил над 50 амандмани за подобрување на грешките и пропустите на ВЛЕН (Вреди).

– Ние како пратеничка група на Европскиот фронт во собраниска процедура поднесовме над 50 амандмани на овој предлог-буџет кои доколку се изгласаат значително ќе ги подобрат сите поголеми недостатоци наведени во овој предлог Буџет. Предлагаме зголемување на проектните средства за Коридорот 8 и 10Д од 8 милијарди денари на 15,1 милијарди денари. Партнери без легитимитет и без влијание во одлучувањето во Владата, ВЛЕН, за Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје во буџетот за 2025 година се предлагаат не повеќе од 12,1 милион денари, додека со нашиот амандман се предлага зголемување на овие средства за капитални расходи на 300 милиони денари, изјави пратеничката Рина Ајдари од редовите на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ пред изборите ветуваше нов концепт на работа, транспарентност, одговорност, развој, повисоки плати за полицијата и армијата за јавниот сектор и приватниот сектор за образование и здравство. Вети намалување на јавниот долг и буџетскиот дефицит, зголемување на капиталните инвестиции и повисок животен стандард.

Предлог Буџетот за 2025 година се наоѓа во собраниска процедура, додека досега се поднесени над 700 амандмани.

Дестан Јонузи

Tags: Буџет 2025ВладаВМРО-ДПМНЕДУИСДСМ
Next Post
Фото: Фронтлајн

До сабота променливо облачно со повремени врнежи од дожд

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk