ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Синг: Пентагон не гледа никакви индикации дека Русија се подготвува да примени нуклеарно оружје во Украина

November 20, 2024 10:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Министерството за одбрана на САД нема информации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на територијата на Украина, изјави синоќа Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон.

-Не сме изненадени од ажурирањето на руската нуклеарна доктрина. Тоа е нешто на што тие алудираа… во последните неколку недели. Ова е истата неодговорна реторика што ја забележувавме и претходно, и, искрено, во последните две години. Ова е нешто што ќе продолжиме да го следиме. Но, немаме никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на територијата на Украина, и не гледаме потреба да правиме промени во нашата сопствена нуклеарна позиција, изјави Синг на прашање од новинар.

Синг не се согласи со изјавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека последните настани го доближиле светот до Трета светска војна.

-Што се однесува до коментарите за ескалацијата и за можноста за поголема војна, не се согласуваме со тоа мислење. Сметаме дека Русија самата ја ескалираше оваа војна, вклучувајќи повеќе од 11.000 војници од Северна Кореја, изјави Синг.

Таа повторно нагласи дека САД не ја промениле својата политика во однос на користењето американско оружје од страна на Украинците за напади во руска територија, додавајќи дека администрацијата и понатаму ќе го обезбеди Киев со претходно ветената помош и во целосен обем.

-Што се однесува до 7,1 милијарда долари што ни останаа и кои можеме да ги искористиме во рамките на претседателските овластувања за повлекување на оружје, ние настојуваме да ја искористиме целата сума што ја додели Конгресот. Единствениот начин да го направиме тоа е да се увериме дека нашите магацини се целосно дополнети и обезбедени со резерви. Како што нашите арсенали продолжуваат да се дополнуваат со потребната опрема, таа се повлекува од таму и се испраќа во Украина. Претседателот вети дека секој долар што го додели Конгресот ќе биде потрошен, изјави портпаролката на Пентагон.

Next Post

Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk