ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Бројот на судии се намалува, а расте бројот на судски предмети во државата!

November 22, 2024 12:50
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последниве четири години бројот на судии е намален за околу една четвртина. Во март 2020-тата година во земјава имало 494 активни судии, за во март 2024-та таа бројка да се намали на 369 судии, вели истражувањето на Коалицијата Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials).

Од вкупно 34 анализирани судови, во 30 е евидентирано намалување на бројот на судии, додека пак во останатите, односно во 3 судови состојбата останува непроменета, а во 1 суд имаме евидентирано зголемување на бројот на судии.

Во оваа насока, нешто што особено загрижува е фактот што за временски период од само 5 години, вкупниот број на активни судии се намалил за вкупно 125 судии, било да е тоа резултат на исполнување услови за старосна пензија од страна на судијата, донесена одлука од Судскиот совет за разрешување од вршење судиска функција или пак тоа е по барање на самиот судија, Тоа значи дека во март 2024 година, имаме 1/4 помалку судиии споредено со бројот на судии во март 2020 година.

Исклучок од намалувањeто на бројот на судии има само во неколку судови, поточно Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Свети Николе, кај кои состојбата во текот на овие 5 години останува практично непроменета, како и Апелационен суд Гостивар кој е единствен суд на ниво на цела држава, во кој што иако незначително, сепак е евидентирано зголемување во бројот на судии, на начин што во овој суд имаме 1 судија повеќе.

Судовите во кои што е евидентирано рекордното намалување на бројот на судии се Основниот граѓански суд (со евидентирани 16 судии помалку), Врховниот суд на РСМ (со евидентирани 11 судии помалку), Апелациониот суд Битола (со евидентирани 9 судии помалку), Основниот суд Тетово (со евидентирани 9 судии помалку), Основниот суд Битола (со евидентирани 8 судии помалку), како и Основниот кривичен суд (со евидентирани 7 судии помалку).

Според овие податоци најголем одлив на судии за посочениот временски период (2020 година -2024 година) имаме во апелационо подрачје Скопје (каде што се евидентирани вкупно 39 судии помалку), како и во апелационото подрачје Битола (со евидентирани 31 судија помалку), по што следат апелационото подрачје Штип (со евидентирани 18 судии помалку) и апелационото подрачје Гостивар (со евидентирани 17 судии помалку). Поинаку кажано, најмал одлив на судии во текот на последните 5 години, имаме во судовите на ниво на апелационо подрачје Гостивар.
Ако во 2020 година во државата имало 494 активни судии, во март 2024 во земјава имало 369 или една четвртина помалку од пред четири години.

Додека бројот на судии се намалува, расте бројот на судски предмети, покажува истражувањето. Тој е зголемен за речиси 40 проценти, од 118 004 колку што имало во март 2020 година, на 161 277 во истиот месец годинава. Имајќи го во предвид намалувањето на бројот на судии и зголемувањето на бројот на предмети, истражувачите пресметале дека во просек, еден судија денеска има 83 отсто повеќе работа отколку во 2020 година.

Ваквата состојба, сепак, варира од суд до суд. Според истражувањето, најалараманто е во Основниот суд во Прилеп. Таму, низ години бројот на предмети се зголемил за дури 375 проценти. Но, во Врховниот суд, пак, на пример има намалување од 47 проценти.

И кај јавните обвинители има намалување на кадарот, но состојбата овде е, условно кажано, подобра во однос на судовите. За четири години бројот на обвинители се намалил за 16, односно од 193 во 2020 година на 177 во март 2024 година.

Зголемување на предметите има и кај обвинителствата. Во просек за 14 по обвинител. Тоа значи дека еден обвинител пред четири години во просек имал на работа 64 предмети, а годинава таа броја е 73. Кога станува збор за намалувањето на бројот на јавни обвинители, исклучок е Вишото јавно обвинителство Гостивар. Таму се зголемил бројот на јавни обвинители за пет, што во споредба со пред четири години е за 23 отсто повеќе.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: правдаСеверна Македонијасуд

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп го скрати рокот од 50 на „10 или 12 дена“ за Путин да се согласи на договор за Украина

July 28, 2025

Сем Алтман: Разговорите со ChatGPT за лични проблеми не се правно заштитени

July 28, 2025

Си-Ен-Ен: Нетанјаху е заглавен во криза што самиот ја создаде во Газа

July 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk