ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Силен ветар во Штип урива дрвја, крева покриви, дел од населбите немаат улично осветлување

November 22, 2024 18:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Силниот ветер во Штип продолжува да прави штета и во попладневните часови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека пожарникарите во моментов интервенираат на улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, каде има урнато дел од кровна конструкција на станбена зграда. Тој истакна дека дел од штипските населби немаат улично осветлување, поради искинати кабли, а има и скинати кабли на кабелските и интернет операторите. Од утринава екипите на ЈП „Исар“ и пожарникарите од ТППЕ-Штип интервенираа и на остранување на паднати дрвја и гранки во неколку населби.

МИА информираше дека од силниот ветар падната е и дел од кровната конструкција на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Највисокиот дел од кровот на училиштето заврши на другата страна на објект, кој се наоѓа до самото училиште. За среќа нема повредени ученици и вработени, ниту уништени автомобили. Директорката на Средното општинско училиште (СОУ), Јованка Шалева изјави дека учениците се безбедни.

-За жал, заради силниот ветер на највисоките дел од училишниот кров имавме оштетување, и ќе треба да го решаваме тој проблем. Учениците се безбедни, нема повредени ниту вработени, нема ниту оштетени автомобили. Заради невремето со силниот ветер уште во прва смена ние ги предупредивме учениците дека треба за време на одморите да останат во училиштето и тоа тие го почитуваат., вели Шалева.

На лице место беа пожарникарите од ТППЕ-Штип како и екипи од ЈП „Исар“, кои  посочија дека дел од кровот кој паднал на друг објект ќе биде отстранет, со цел да не се предизвика дополнителна штета. Исто така се разгледуваа сите околности да се преземат мерки и активности да не дојде до паѓање и на друг дел од кровот на училиштето.

Од ЦУК информираат дека неколкупати е известена и дежурна служба на ЕВН за ризични електрични столбови, кои се навалени и исфрлаат искри од жиците, поради последиците од ветерот и тоа на териорија на општините Штип, Кочани и две села. Според известувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

Tags: ветарШтип
Next Post

Сиљановска Давкова лично ѝ честиташе на Шекеринска за изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk