ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УСС-УКИМ ги повикува студентите да се придружат на денешниот протест за јавниот градски превоз во Скопје

November 22, 2024 08:28
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, РЕПУБЛИКА
Автобус ЈСП. Фото: Фросина Насковиќ/МИА

Автобус ЈСП. Фото: Фросина Насковиќ/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) синоќа упати повик на протест за, како што наведуваат во соопштението – „да го искажеме нашето незадоволство поради недостигот на квалитетен јавен градски превоз“

Протестот е закажан во 14 часот, пред Стара Пошта и во 14:30 часот, пред Град Скопје.

„По испратениот УЛТИМАТУМ и спроведената анкета на која одговорија 3568 студенти, 85% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,6% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7% од истите воопшто не се задоволни од истиот.  Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се наведува во повикот од УСС-УКИМ,

Дополнително, велат од УСС-УКИМ, „испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

„Конкретно, барањата се следните:

  • Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit;
  • Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје;
  • Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница)
  • Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии;
  • Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт;

Скопје и студентите заслужуваат функционален превоз, а не хаос! Дојди, поддржи и бори се за промени!“, се наведува во соопштението на УСС-УКИМ.

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Драги Кушовски синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети.

Ј. Ѓ.

Tags: протестСкопјеУСС-УКИМ
Next Post

Олаф Шолц повторно ќе биде кандидат за канцелар на германските социјалдемократи

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk