ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Енди Брајдон на „Форум Скопје – Секторски консултации“: Супкултрата може да биде профитна, „Клеш“, Џој дивижн“, Вивиен Вествуд го покажаа тоа

November 25, 2024 18:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Енди Брајдон

Енди Брајдон

Share on FacebookShare on Twitter

Креативниот потенција кој го поседува Северна Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше   „Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ.

Форумот го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека креативните индустрии, во последните години во глобални рамки се покажаа како исклучително продуктивна ипрофитабилна област која нуди широк простор за презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на креативците и нивно соодветно валоризирање на пазарот.

Заменик амбасадор на ОК, Даниел Филер, рече дека искуството на Велика Британија покажува дека креативната индустрија од маргинализирана сега е еден од петте водечки двигатели на економијата.

Кирил Ѓозев од Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ. Како претставник на УМПАКИ, истакна дека заедничката визија за развој на креативните индустрии се доближува
кон својата цел и се надева дека со креативците заедно ќе се изградат мостови со нови партнери.

„Благодарен сум на можноста да разговараме за унапредување на креативната економија. Како организација наша задача е да обезбедиме дека гласовите на кретивците ќе бидат слушнати, а со заедничко дејствување ќе ја обликуваме нашата економија и нашето општество, рече Ѓозев.

Во присуство на претставници на креативните индустрии, медиумите и останати заинтересирани посетители на форумот, Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, по што следуваа дискусии за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци дискутираат со своите колеги на следниве теми: Градење нов идентитет
преку големи културни настани; Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа); Образование за креативни кариери; Подобрување на условите за креативна продукција;

Брајдон е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи
настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Покрај него во Скопје е и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа
е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул – град на културата во 2008 година и Ливерпул – домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија.

Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, свои искуства пренесоа и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни индустрии и дигитална патоказна стратегија – West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и вклучување на младите – London Legacy Development Corporation.

Овој форум е континуитет на конференцијата за развој на креативниот туризам која се одржа за време на Skopje Design Week 2024 и беше прва јавна дискусија по спојувањето на Министерството за култура со секторот туризам.

 

Tags: Британски советЈавна собаКреативни индустрииМинистерство за Култура
Next Post

Српска опозиција: Власта направи циркус од собраниската седница и во исцениран инцидент изведе државен удар

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk