ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Земјава има висока стапка на невработеност и сѐ поголем недостиг на работна сила, ССМ бара повисоки плати

November 27, 2024 14:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека Министерството за економија и труд во наредниот период развива системски пристап за усогласување на понудата и побарувачката на работната сила на домашниот пазар, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со порака дека недостигот на работна сила е резултат на ниските плати и злоупотреби од страна на газдите од Стопанската комора.

– Додека од една страна Северна Македонија се соочува со висока стапка на невработеност, од друга страна сѐ повеќе работодавачи пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работна сила, а секојдневно се огласуваат и испразнети работни позиции, посочи министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната конференција на Меѓународната организација на трудот (МОТ), на која беше презентирана студија за справување со недостигот на работна сила во земјава.

Како што истакна Дурмиши во своето воведно обраќање, студијата изработена од МОТ овозможува длабински да се навлезе во проблемот и претставува патоказ за негово решавање.

– Недостигот на работна сила е предизвик со кој се соочуваат се повеќе земји, особено во Европа, а кој не ja одминува ниту Северна Македонија. Додека од една страна се соочуваме со релативно високи стапки на невработеност и неактивност, од друга страна, секојдневно сѐ повеќе работодавачи пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работна сила и се огласуваат испразнети работни позиции. Оваа студија и анализата на податоците спроведени од страна на Меѓународната организација на трудот ни овозможува длабински да навлеземе во проблемот и да креираме одржливи политики. Истовремено, тие претставуваат одличен патоказ за пристапот што треба да се применува во решавањето на оваа појава, истакна Дурмиши.

Министерството за економија и труд во наредниот период, вели Дурмиши, ќе се посвети на развивање и имплементирање системски пристап за да се усогласи понудата и побарувачката на работната сила на домашниот пазар и нагласи дека преку оперативниот план за вработување за следната година се предвидуваат шест милиони евра повеќе, отколку што биле предвидени во Буџетот за оваа година.

– Во наредниот период ќе се посветиме на тоа да развиеме и имплементираме системски пристап за справување со неусогласеноста на понудата и побарувачката на работна сила на домашниот пазар на труд и надминување на овој сериозен проблем со кој се соочува нашата држава. Потребата од квалификувана работна сила на компаниите ќе се потрудиме да ја обезбедиме преку имплементација на активни програми за вработување со одржување на годишните оперативни планови за активни програми во оваа насока, рече Дурмиши.

На конференцијата присутни беа и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, како и директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти.

Според Трендафилов, недостигот на работна сила во земјава е резултат на ниските плати и злоупотребите на газдите од Стопанската комора.

– Да не заборавиме дека недостасува работна сила во Македонија поради ниските плати и злоупотребите на газдите од Стопанската комора кои ги прават веќе 34 години. Поради ниските плати работниците заминуваат од Македонија во некои други држави и да градат други економии и мислам дека тоа треба да биде најголемиот пораз за овие газди. За потсетување, толку што сме продуктивни им створивме огромен капитал, огромни богатства, а тие ги покрадоа компаниите во минатото, ги задржаа за себе… Ако вие ги плаќате мизерно, вие може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, рече Трендафилов.

Директорката на МОТ, Харасти, пак, посочи дека студијата опфаќа три главни области, односно искористување на неискористената работна сила, зголемување на продуктивноста преку инвестирање во политиките за образование и подобри услови за работа, како и миграција на работна сила за избрани сектори.

– Потребно е да се искористи неискористената работна сила, така што оние луѓе кои сè уште не се активно вклучени на пазарот на трудот, но би можеле да се вработат. Станува збор за жени со обврски за згрижување деца, млади луѓе кои не се вработени, лица со попреченост и исто така голем број постари работници кои се во најдени во ситуација да не се доволно вработливи, но би можеле да бидат вратени на пазарот на труд. Втората област на политики што треба да се разгледа е да се зголеми продуктивноста преку инвестирање во политиките за образование и вештини, како и во подобри услови за работа за да можеме да ги затвориме овие недостатоци. И третата област која може да биде дел од решението е миграција на работна сила за избрани сектори, избрани професии, добро регулирана и уредна миграција со правични практики за регрутирање, истакна Харасти.

Next Post

Седница на ЦО на СДСМ, ќе се комплетира раководството на партијата

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk