ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ со осуда за палењето знамиња и политичкото профитерство: Барање за итна заштита на младите од реториката на омраза

November 29, 2024 13:37
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро и недвосмислено ги осудува инцидентите со палење на државното знаме во кои беа инволвирани млади луѓе, вклучително и малолетници, под влијание на опасната националистичка реторика. Овие дела не само што симболизираат деструктивност и непочитување на принципите на соживотот и мултикултурализмот, туку и ја продлабочуваат омразата и поделеноста во нашето општество.

Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии.

ЦИВИЛ ги повикува сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по било која основа. Општеството и државата се обврзани да го заштитат правниот поредок и да ги земат на одговорност сите прекршители на законот. Истовремено, институциите и општествените чинители имаат обврска да ги заштитат децата и младите од штетната пропаганда.

ЦИВИЛ ги осудува и политичките профитери кои, наместо да понудат решенија, ги искористија инцидентите со палењето на македонското знаме за дневни политички поени, во изјави што содржат осуда, но истовремено упатија и инфламаторни, поларизирачки пораки. Тоа придонесе кон одговор од „другата страна“ и дополнителни инциденти со палење на албанското знаме, но и насилство во кое, според досега познатите податоци, еден млад човек беше претепан.

ЦИВИЛ во своето 25 годишно постоење континуирано работи на унапредување на мултикултурализмот и почитувањето на различностите во земјата, во регионот и глобално. По повод овие инциденти, ЦИВИЛ бара од сите релевантни чинители итно да преземат чекори за зајакнување на напорите за промовирање на меѓуетничката и меѓукултурната толеранција, преку сеопфатна едукација и поддршка на младите за отфрлање на реториката на омраза. Граѓанското општество, образовните институции, и медиумите мора да соработуваат за да создадат амбиент во кој младите ќе бидат ослободени од влијанието на деструктивните пропаганди.

Истовремено, ЦИВИЛ инсистира на правна и институционална реакција кон сите кои поттикнуваат или учествуваат во акти на омраза, вклучувајќи ги и оние кои ги злоупотребуваат инцидентите за политичка манипулација и поларизација. Само преку обединување на сите чинители, може да се спречат понатамошни насилства и да се заштитат вредностите на мултикултурализмот, соживотот и демократските вредности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Концерт на јапонскиот оперски пејач Котецу и македонската сопранистка Васова во Филхармонија

June 28, 2025

„Центарска симфонија“ вечерва На плочник во Центар

June 28, 2025

Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се заплеткува во лавиринтот на европските преговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk