ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

November 30, 2024 10:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Здружение на уметници Културен центар Медиа Артес

Фото: Здружение на уметници Културен центар Медиа Артес

Share on FacebookShare on Twitter

Во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе се одржи проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс „Лиминални простори-лиминални тела“.

Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „Сиот свет е сцена-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“.

Како што информираат од „Медиа Артес“, настанот ќе почне со проекцијата на краткиот експериментален филм „Лима“ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж. Во филмот играат ереза Лазарев, Стефани Шааршмидт, Софи Ларсон.

Партнери: К.Ц. МЕДИА АРТЕС, Зенит Продукција, Битрикс Културен Центар, Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, Танц бункер, НУЦК  Григор Прличев Охрид, Охридтурист АД, Младински центар Охрид, ФДУ Скопје, Zurich University of The Arts

По филмската проекција, публиката ќе има можност да го погледне танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Ивана Балабанова.

-Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. „Лиминално тело-2“ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот – обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања, се вели во најавата на перформансот.

Партнери: К.Ц. МЕДИА АРТЕС, Битрикс Културен Центар, Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија, Lichthof theater Hamburg, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, НУЦК  Григор Прличев Охрид, КСП Центар-Јадро Скопје.

Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела.

Влезот за настанот е бесплатен, но потребно е претходно да се резервира место преку испраќање на е-пошта на abandonedplaces.mk@gmail.com или порака на бројот 070 250 500.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Tags: кратик филмЛиминални простори-лиминални телатанцов перформанс
Next Post

Најмногу снег во Берово, најстудено на Попова Шапка

Shortcut

Најново

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk