Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Големи некои македончиња во Битола развеале на Широк Сокак недржавни македонски знамиња, оние од Егејот, го игнорирале македонското државно демек за и од инает на албанското од пред два дена низ делови на Македонија и, и што порачаа, кажано во оваа една реченица, порачаа дека “ќе ја делиме, ќе ја парчиме” па кој што грабне, грабне ама, мажиштата македонски, унитарното македонско државно знаме си го игнорирате, не си го веете од инает зашто, нели, не го веат и тие па, драги мои патриоти умислени, патриоти заведени или патриоти подметнати, сеедно, од инает ли, од наивност ли, од заведеност партиска ли, од што и да е, државата унитарна Македонија ќе ни ја распукате како зрел карпус фрлен на студениот плочник на Широк Сокак па натаму, натаму како сакате.