ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белград и Нови Сад студентите ги блокираа Ректоратот и факултетите

December 2, 2024 14:57
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Студенти од Белград и Нови Сад денес блокираа неколку факултети и Ректоратот, барајќи објавување на документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад и откривање на одговорните за нападот врз студентите, јави дописникот на МИА од Белград.

Блокадите на Ректоратот на Белградскиот универзитет, Филолошкиот, Филозофскиот, Природно-математичкиот факултет (ПМФ) и Архитектонскиот факултет симболично почнаа во 11.52 часот кога и се случи несреќата на Железничката станица.

Во Нови Сад наместо Ректоратот, студентите ја блокираа зградата на Филозофскиот факултет.

На денешната блокада се приклучија и студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) од Белград кои повторија дека ги имаат истите барања како и студентите кои ги блокираа зградите.

Тие бараат објавување на комплетната документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студентите на Факултетот за драмски уметности, како и зголемување на средствата за државните факултети за 20 проценти.

Меѓу барањата е и зголемување на процентот на финансирање од буџетот за образование, бидејќи тој не е променет од 2019 година.

Студентите бараат итно ослободување на сите граѓани кои беа приведени за време на ненасилните протести, како и повлекување на неоснованите пријави.

-Во борбата за исполнување на овие барања, денеска го блокираме Ректоратот, како и Филолошкиот, Филозофскиот и Природно-математичкиот факултет. Блокадите немаат намера никого да загрозат, ниту да предизвикаат материјална штета на објектите, се наведува во соопштението на организаторите на блокадите во Белград кои рекоа дека нема да даваат изјави за медиумите.

Најавија дека во секоја од блокираните згради ќе се одржи пленум на кој ќе присуствуваат студентите на тие факултети за да договорат за понатамошните планови, додека студентите од другите факултети ќе се состанат во Ректоратот.

Tags: БелградблокирaaтНови Садстуденти
Next Post

(ВИДЕО) Мијата, Космонаутко и сите славејчиња - Гуш и Бац

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk