ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сиљановска Давкова по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Правичната и соодветна застапеност мора да се однесува и на лицата со попреченост

December 3, 2024 12:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Кабинет на Претседател

Фото: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на лицата со попреченост нè потсетува на нашата обврска да изградиме општество на еднакви можности, каде поддршката и разбирањето се темел на секојдневната посветеност за интеграција на лицата кои своите способности ги изразуваат на различен, но подеднакво значаен начин, се вели во пораката од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Овие личности, се подвлекува, се неразделен дел од раскошниот мозаик на нашето општество.

Со своите уникатни начини на манифестирање на знаењето, енергијата, креативноста и талентот, се посочува во пораката, зрачат непроценлива вредност и додаваат посебна димензија во нашето секојдневие. Нивната видливост и активна вклученост во процесите на одлучување е нужна, оти никој не може подобро и посилно да ги застапува нивните интереси од нив самите.

– Хуманизмот и солидарноста, темелни вредности на уставниот поредок, нè обврзуваат да ги гледаме различностите како извор на сила и прогрес, а не како ограничување. Македонија, како социјална држава, ја втемелува својата визија врз постулатите на еднаквост и правда за сите граѓани. Затоа, правичната и соодветна застапеност мора да се однесува и на лицата со попреченост, вели во пораката претседателката Сиљановска Давкова.

Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, којашто нашата држава ја има потпишано и ратификувано, не е само правен документ, туку и завет за целосна инклузија и активно учество на овие лица во сите сфери на општествениот живот.

Таа порача 3 Декември да биде симбол на надеж и повик за создавање инклузивна заедница, каде секој глас ќе биде слушнат, секое право заштитено, а секоја можност подеднакво достапна за сите.

– Само така, Македонија ќе биде пристојно место за живеење, просперитетна држава и дом на среќни и достоинствени граѓани!, се наведува во пораката од претседателката Сиљановска Давкова Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Tags: Меѓународниот ден на лицата со попреченостСиљановска Давкова
Next Post

Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин

EVN

НАЈНОВО

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk