ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд

December 4, 2024 15:48
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки. И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи.

Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг… Така добила вдовичка пензија. Но, набргу потоа го запознала својот втор сопруг и во 1982 година се венчале. Сепак, шест години подоцна, бракот „им завршил“, но само „на хартија“, сѐ со цел – да имаат корист од нејзината вдовичка пензија… Тие, просто, продолжиле да живеат заедно.

Потоа следел нов брак, па развод, и повторно… Сѐ така – вкупно 12 пати… До пред две години, односно 2022 година, кога Заводот за пензиско осигурување одбил на жената да ѝ исплаќа вдовичка пензија… Незадоволна од одлуката, таа поднела претставка до надлежниот суд, па сѐ тоа стигнало и до Врховниот суд.

На последната инстанција се посомневале во таа „лукава љубовна приказна“, па побарале помош од стручњак по кривично право.

По спроведена кривична истрага, и кусо „прелистување“ низ матичните книги на венчани и разведени лица, како и прибирање одговори од соседството, сомнежот „за тешка социјална измама“ исплива на површина.

Имено, соседите на брачната двојка не знаеле поим дека тие „неколкукратно“ се венчале. Сведоците од околината посочиле дека двојката имала „примерен брак“ и заедно се со децении.

Така, „повторените бракови и последователните разводи од ист сопруг се злоупотреба на Законот, доколку бракот никогаш не бил раскинат, а разводот настанал само заради извршување право на пензија за вдовица“, гласи одлуката на Врховниот суд.

Осомничената пензионерска двојка негира каква било злоупотреба на социјалните права. Според истрагата, вкупната штета на сметката на Заводот за пензиско осигурување изнесува повеќе од 326.000 евра.

Next Post
Photo: Apple Corps, Ltd.

Филмот „Битлс '64“ собира негативни критики

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk