ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Раманскиот премиер го поддржа поништувањето на претседателските избори, кандидатката за претседател Ласкони смета дека одлуката е незаконска

December 6, 2024 20:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Романскиот премиер Марчел Чолаку го поддржа поништувањето на претседателските избори од страна на Уставниот суд.

„Оваа одлука е единствената правилна по откривањето на документи кои покажуваат вмешаност на Русија во изборниот процес“, напиша Чолаку на Фејсбук.

Тој повика на истрага за утврдување на одговорните, нагласувајќи дека довербата на јавноста во институциите зависи од транспарентноста на овој процес.

Кандидатката за претседател на Романија од „Алијансата за спас на Романија“ (USR), Елена Ласкони, остро го осуди денешното поништување на првиот круг од претседателските избори од страна на Уставниот суд.

– Остро осудувам тоа што се случи. Тие го уништија она за што се боревме 35 години. Одлуката е незаконска и го понижува самото гласање, суштината на демократијата, рече Ласкони.

Таа додаде дека Романија мора да продолжи со изборниот процес и да го почитува гласот на деветте милиони Романци, без разлика на исходот.

– Знам дека ќе победам и ќе се борам за обединување на Романците, изјави таа.

Романскиот Уставен суд денеска ги поништи претседателските избори, чиј втор круг требаше да се одржи в недела, во атмосфера на големо сомневање за руско мешање.

Објавено е дека судот го поништува целиот процес за избор на романскиот претседател за да се увери во валидноста и законитоста на изборите и бара повторно да почне целиот изборен процес.

Одлуката беше донесена само два дена откако е укината тајноста на разузнавачките документи кои укажуваат на тоа дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно десничарскиот аутсајдер кој победи во првиот круг.

Документите на романските разузнавачки агенции покажаа дека имало „агресивни хибридни руски напади“ во Романија за време на изборниот период, а победата на десничарскиот кандидат Калин Герогеску беше резултат на координирана кампања на социјалните мрежи.

Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) отвори истрага за компјутерски криминал поврзан со претседателската кампања на Калин Георгеску, крајнодесничарски независен кандидат.

Според разузнавачките податоци презентирани на седница на Националниот совет за одбрана, Романија била мета на руски хибридни напади.

„Како резултат на анализата на информациите од (декласифицираните) документи кои беа презентирани на седницата на Врховниот совет за национална одбрана на 28.11.2024 година, во врска со спроведувањето на изборниот процес за функцијата Претседател на Романија, обвинителите од Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам се самоупатуваат на истрага на следниве кривични дела: незаконски операции со информативни уреди или програми, обид за кривично дело со нарушување на функционирањето на информатичките системи и обид за нелегален пристап до информациски систем“, се наведува во соопштението на Управата за истраги за организиран криминал и тероризам.

DIICOT истакна дека моменталната фаза е само за собирање докази и не подразбира формулирање обвиненија.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: RomanijaЕлена ЛаскониизбориМарчел Чолаку
Next Post

Унгарија шпионирала претставници на ЕУ во Будимпешта

НАЈНОВО

„Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба и промоција на книга за деца

October 21, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

October 21, 2025

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk