ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка, во спротивно најавува барање за ригорозни казни за сите нефер трговци и трговски практики

December 6, 2024 13:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На 20 декември, пет дена од стапувањето во сила на новогодишната кошничка, ќе знаеме дали трговците реално ги намалиле цените на производите, а на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични и колку ќе ги поскапат производите по завршувањето на мерката, изјави денеска  претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој очекува дека трговците ќе им излезат во пресрет на граѓаните, а ако тоа не го сторат, ССМ на почетокот на идната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци.

-Како ССМ можеме да гарантираме дека врз основа на синдикалната минимална кошничка уште на 20 декември ќе знаеме дали цените се намалени и дали работодавачите, трговците, добавувачите и производителите ќе имаат општествена одговорност и ќе им излезат во пресрет на граѓаните. Тоа ќе го знаеме само пет дена по стапувањето во сила на новогодишната кочничка. Можеме да гарантираме и дека на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични трговците и колку ќе ги зголемат цените на производите по завршувањето на оваа акција. Од претходниот пат знаеме дека синдикалната минимална кошничка беше главниот коректор на цените, рече Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања пред седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Според него, трговците во септември ги намалија платите во трговијата за пет отсто кога разбраа дека ќе има мерка за ограничување на маржите.

-Синдикалната минимална кошничка тогаш се зголеми за повеќе од 720 денари, со мерките се намали за околу 960 денари за потоа повторно да има зголемување од 620 денари. Зборуваме за нелојалност од страна на трговците кон државата, граѓаните, работниците и пензионерите, за луѓе кои веројатно само сакаат да ја искористат можноста да се збогатат на нашиот грб. Очекуваме дека денеска, со оглед дека им се овозможи сами да ги креираат цените, ќе останат достојни барем на тоа што сами го кажуваат. Ако не го сторат тоа, ССМ на почетокот на наредната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци, напомена Трендафилов.

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи и со неа се очекува намалување на цените за 10 и повеќе проценти.

Next Post
Каналот Ибар-Лепенец, Зубин Поток, Косово по нападот

Една недела по терористичкиот напад на каналот Ибар -Лепенец: последици, акции, реакции

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk