ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Агелер: Ако ние сме можеле да собереме докази можат и правосудните органи

December 10, 2024 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Корупцијата, во каква и да е форма, не треба да се толерира. Оние кои го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот треба да сфатат дека корупцијата има последици. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, се надевам дека судството и структурите за спроведување на законот во Северна Македонија ќе го сторат истото, порача американската амбасадорка Анџела Агелер, на денешната прес-конферецијата по вчерашното проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД со имињата на Артан Груби и Енвер Беџети.

Доказите на кои се базира ваквата одлука, посочи Агелер, не се споделуваат со македонските власти, поради прашања поврзани со приватноста.

– Но, ниту пак треба, бидејќи доказите кои Вашингтон ги разгледува, што ние успеавме да ги собереме, како тука во оваа земја, така и во Вашингтон, се широко достапни. Интересно е што дел од критиките кон нас на социјалните медиуми беа, зошто го правите ова, кога нема кривично гонење и акција тука. Ние, сме обврзани со закон, да ги именуваме и санкционираме, оние лица за кои имаме силни докази за криминал и корупција. Што се случува понатака, останува на органите на редот и правосудството во оваа земја, но ќе кажам, дека ако ние сме можеле да ги собереме доказите, можат и тие, изјави Агелер.

Именувањето на лица кои се вмешани во криминал и корупција, според Агелер, е процес кој продолжува, посочувајќи дека станува збор за динамична листа, која постојано се проширува и разгледува.

– Доказите многу внимателно се разгледуваат во Вашингтон. Овој процес продолжува. Сигурно има и други имиња, кои се разгледуваат сега. Интересно е што со секое ново именување и нема да бидете изненадени од ова, често излегуваат нови докази за кривични дела од други. Како што кажав, ова е многу динамичен процес, изјави Агелер.

Корупцијата, посочи Агелер, е епидемија и рак на ова општество.

-Секаде, каде што одам низ земјава, и секој граѓанин со кој зборувам, луѓето ми кажуваат дека ова е така голем проблем во нивниот секојдневен живот и бараат да зборуваме повеќе за тоа, бидејќи ги засега граѓаните на земјава секој ден. Затоа е важно што именуваме лица кои се вклучени во криминал и корупција, без разлика на нивната улога, дали се градоначалници, бизнисмени, функционери или некој од правосудството, изјави Агелер.

Правдата, посочи таа, е слепа и ние само ги разгледуваме лицата врз основа на доказите кои ги имаме.

-Прашањето како овие случаи се движат низ процесите тука, е прашање, што и јас си ги поставувам. Ако доказите се достапни, а се, тогаш имате финансиска полиција, обвинителство, судство… Постои процес што е достапен тука и сметам дека луѓето во оваа земја сакаат да го видат, изјави Агелер.

На прашањето дали судијата Енвер Беџети, бил на обука во САД, Агелер рече дека нема конкретна информација, но дека статистички гледано, многу е веројатно да бил на некоја обука, бидејќи 85 проценти од сите судии и обвинители во земјава имале некаква обука со Амбасадата на САД или некоја американска организација.

-Половина милијарда долари имаме потрошено на правосудството и како што, имаме кажано, досега немаме добар поврат на нашата инвестиција. Се надевам дека ќе видиме акција на овие именувања, како и на претходните и многу, многу други во оваа земја, за кои луѓето знаат дека се корумпирани и заслужуваат да бидат разгледани како случаи пред надлежните судови во оваа земја, изјави Агелер.

Tags: Агелерцрна листа
Next Post
Фото: Театар Првокација

Шест години постоење на Театар Првокација

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk