ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

ВИ како алатка за преведување на клинестото писмо

December 10, 2024 14:49
in TECH FRONT, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Вештачката интелигенција може да биде голема помош при преведувањето на клинестото писмо старо над 5.000 години.

Предизвикот да се преведе од древен јазик на кој било современ, е стар скоро два века. Овие преведувачи не само што треба да ги оживеат изумрените јазици од пишаните извори, туку и да имаат длабоко познавање за тоа како културите што ги создале тие извори се развивале низ вековите. Уште повеќе, нивните извори често се фрагментирани, што значи дека во многу случаи, клучниот контекст е изгубен во времето.

Поради ова, расчитувањето и преведувањето древните јазици честопати оди бавно и не е во чекор со обемот на записи коишто археолозите ги откриваат. Акадскиот јазик, на пр., како можеби прв пишан семитски јазик, е еден од најдобро документираните од древниот свет. Откриени се илјадници, а можеби и над милион пишани извори што денес се чуваат во музеи и универзитети.

„Стотици илјади глинени плочи со клинесто писмо ја документираат политичката, социјалната, економската и научната историја на древна Месопотамија. Сепак, повеќето од овие записи остануваат непреведени и недостапни поради нивниот огромен број и ограничениот број на експерти способни да ги читаат. Ова претставува голем чекор кон зачувување и проширување на културното наследство на античка Месопотамија“, пишува тимот во првичниот напис.

Секој од овие текстови содржи можни битни сознанија историјата на првите писмени цивилизации, но тоа знаење останува неодгатнато поради човековите ресурси потребни за нивно преведување. За да се промени ова, компјутерските научници од американската компанија „ЛАНМАС“, со помош на археолози развија модел на вештачка интелигенција (ВИ) којашто може да преведува од акадски речиси веднаш.

Акадскиот е јазикот на Акаѓаните, кои направиле и свое царство околу 2.300 година. п.н.е., благодарение на освојувањата на Саргон Велики во Месопотамија (Средниот Исток). Негови наследници се асирскиот и вавилонскиот јазик коишто, пак, биле заменети со арамејскиот во првото илјадалетие п.н.е. Денес акадскиот е изумрен јазик.

Акадското Царство го усвоило клинестото писмо на својот претходник – сумерската цивилизација.

Процесот на преведување на акадскиот јазик има  два дела. Пред сѐ, стручњакот ги транслитерира клинестите букви, т.е. знаци, поточно ги препишува и ги споредува со слични фонетски знаци. Потоа, следи преводот на современ јазик.

За да се забрза ова преведување коешто секако одзема многу време, истражувачкиот тим разви ВИ-модел на машинско преведување, користејќи ја истата технологија со онаа на „Гугл-транслејт“ (Google Translate). Моделот е обучен на примерок од текстови на два начина: Со транслитерации на изворни записи и директно од записи со клинесто писмо.

Резултатите се ветувачки, но има уште работа. Со пообемна обука и поголема база на податоци, истражувачите се надеваат дека ќе ја подобрат точноста на преводот. На крајот на краиштата, целта е ВИ-моделот да стане виртуелен помошник на луѓето – научници. Брзите преводи по правило, и побрзо се усовршауваат.

Next Post

Реплика на легендарниот „Лотус 49" како гејмерски симулатор

Shortcut

Најново

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk