ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши – Леклер: Државата е пример во регионот за решавање на прашањето со лицата кои се без државјанство

December 12, 2024 16:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска имаше средба со регионалниот директор на УНХЦР за Европа, Филип Леклер, со кој разговараа за политиките на нашата држава кои се однесуваат на бегалците, но и за лицата без државјанство. На средбата двајцата соговорници потврдија дека нашата држава е пример во регионот за решавање на прашањето со лицата кои се без државјанство.

Како што соопштија од Собранието, Гаши изразил задоволство што благодарение на интензивната соработка со УНХЦР, преку измените на Законот за матична евиденција и Законот за странци и нивна практична имплементација, се решил проблемот со лицата без државјанство, со што се надминал проблемот за над 700 лица без државјанство.

На средбата присуствувал и Габриел Гуалано де Годој, претставник на Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР, во Северна Македонија.

-Претседателот Гаши истакна дека изминативе 30 години нашата држава има многу успешна и интензивна соработка со УНХЦР, посветена на унапредување на правата и подобрување на статусот на бегалците, што резултираше со низа успешни проекти. Тој потсети дека нашата држава во повеќе наврати досега го покажала својот хуман однос кон бегалците и од регионот, но и од Блискиот Исток и Украина, соопштија од Собранието.

Претседателот Гаши додаде дека во времиња на глобални предизвици, демократскиот свет има обврска да им помогне на бегалците, за што полесно и побрзо да ги пребродат искушенијата со кои се соочуваат и да стекнат можности за достоинствен живот, што е основно човеково право.

Директорот на УНХЦР за Европа Леклер истакна дека нашата држава е пример за регионот, но и пошироко за начинот на кој го решава прашањето со лицата кои се без државјанство и нагласи дека работата што ја заврши нашата држава донесе конкретни и видливи резултати.

Леклер ја истакна соработката на УНХЦР со Интерпарламентарната Унија (ИПУ) и предложи претседателот Гаши во рамките на оваа организација, која ги обединува парламентите на светско ниво, да ги презентира успешните политики на нашата држава во делот на лицата без државјанство.

Двајцата соговорници изразиле подготвеност да продолжи меѓусебната соработка и во наредниот период.

Next Post

Шолц не сака да биде заменик на политичкиот ривал Мерц

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk