ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби објави дека се повлекува од политиката

December 12, 2024 08:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот вицепремиер и член на ДУИ Артан Груби, кој се најде на црната листа на САД, вечерва преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од политичкиот живот и дека за тоа го информирал лидерот на партијата Али Ахмети.

Груби наведува дека е чист како солза но, дека решил да се повлече за да не биде, како што вели, ничиј политички товар и дека одлуката ја донел за мир на неговото семејство и зачувување на личниот интегритет.

– Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и за зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети, вели Груби во објава на Фејсбук.

Вели дека бескомпромисно е посветен на еднаквоста на Албанците во Северна Македонија, на целосната интеграција во НАТО, на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и на членството во Европската Унија.

– Тоа се вредности кои не се само моја мотивација, туку и обврска која отсекогаш сум ја чувствувал. Нашите достигнувања, на кои сите бевме сведоци, не се само заслуга на мојата и посветеноста на моите колеги, туку и на искрената и континуирана поддршка на нашите пријатели од Соединетите Американски Држави и на Европската Унија. Фактот што денес Северна Македонија е членка на НАТО и ги започна преговорите за членство во Европската унија е јасен доказ за оваа соработка и заендичка посветеност. Но, цената на оваа посветеност, цена која отсекогаш била во служба на вредностите и правдата, е тешка за мене и за моето семејство, наведува Груби во објавата.

Стејт департментот ја прошири црната листа со имињата на Груби и судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд, обзнанувајќи дека примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков.

Од Јавното обвинителство вчера информираа дека е оформен предмет за обезбедување на докази за евентулна кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД.

– Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски на  брифингот со новинарите.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во изјава за медиумите рече дека партијата не ги оспорува одлуките на Стејт департментот и дека Груби ќе го води процесот со факти, посочувајќи на неговото право на жалба.

Tags: Груби
Next Post
Скриншот

Зеленски го отфрли унгарскиот предлог за божиќно примирје

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk