Многумина, тешко и бавно, а некои луѓе и воопшто не успеваат да ги совладаат социјалните вештини, како што е емоционалната интелигенција. За жал, ова често влијае на нивниот однос со другите луѓе и како другите гледаат на нив. Психолошкиот истражувач Лахлан Браун од Сиднеј, Австралија, истакнува неколку клучни признаци што укажуваат дека една личност е емоционално незрела.
1. Донесуваат заклучоци брзо и непромислено
Луѓето кои не се емоционално интелигентни често донесуваат заклучоци без размислување или проверка на фактите. Врз основа на нецелосни информации, како што објаснува Браун за „Хек спирит“ (Hack Spirit), таквите лица може „да му пресудат“ на некого неправедно, или пак, да реагираат импулсивно. Тоа води до недоразбирања и конфликти. Луѓето со повисоко ниво на емпатија одвојуваат време за да ги согледаат фактите, поставуваат прашања, па донесуваат аргументирани и добро потковани одлуки.
2. Тешкотии со активно слушање
Неслушањето на соговорникот е уште еден вообичаен знак за недостаток на емоционална интелигенција.
– Наместо да покажат интерес за туѓото мислење, таквите луѓе често го прекинуваат разговорот или ја минимизираат важноста на она што другите го кажуваат. Активното слушање подразбира целосно присуство и почитување на зборовите на другите луѓе, што е од суштинско значење за успешна комуникација и градење доверба, појасни Браун.
3. Недостиг на емпатија
Емпатијата и сочувството често отсуствува кај луѓето кои имаат ниско ниво на емоционална интелигенција. Тоа, според познавачите, е затоа што емоционално незрелите луѓе се ладни или незаинтересирани, и не ја разбираат емоционалната тежина на случаите и состојбите во коишто се наоѓаат другите.
– Развивањето емоционална интелигенција е клучно за градење здрави врски. Со препознавање на овие знаци, може подобро да ги разбереме другите и да работиме на подобрување на сопствената комуникација и емпатија, заклучува Браун.
4. Непочитување на границите
Почитувањето на личните граници е показател за почит и разбирање на туѓите потреби. Луѓето кои не се доволно емоционално интелигентни често ги игнорираат или ги преминуваат границите на другите луѓе, што доведува до непријатност и недоверба. Почитувањето на границите значи препознавање на туѓите чувства и личниот простор на другиот и покажување грижа за туѓата благосостојба.