ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица: Скандалозни законски измени – ДМПНЕ го отвора патот за пљачка на државната каса

December 16, 2024 11:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Предупредувањата на Левица се остваруваат – бизнис-елитистичките партии како ДПМНЕ, СДС и ЗНАМ ја уриваат државата! Новата Влада ги покажува вистинските намери: криминално прелевање на буџетските пари во џебовите на партиските елити и олигархијата! ДПМНЕ го скрои планот за уништување на контролата над јавните набавки, соопштуваат од партијата Левица

„Со предлог измените на Законот за јавните набавки од група пратеници на ДПМНЕ, се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки, со што сериозно се уназадува заштитата од корупција и тоа само по еден месец откако Општините потпишаа договор за 274 проекти кои ќе ги финансира централната власт со парите од унгарскиот кредит. Поголемиот дел од нив се однесуваат на стоки и услуги кои градоначалниците ќе треба да ги набават токму преку тендери. Наместо зајакнување на постоечката каква-таква централизирана контрола над тендерските посапки, сега Бирото за јавни набавки само про-форма ќе ја проверува тендерската документација, без воопшто да го надгледува текот на тендерската постапка. Воедно се предлага и целосно промена на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки, со јасна намера за поставување на партиски послушници на новата владина гарнитура. Притоа, се поедноставуваат и законски критериумите кои новите членови на Комисијата треба да ги задоволат,  и сега, наместо потврда за познавање странски јазик, доволно ќе биде само декларативно ‘активно познавање’ на странски јазик. Освен ова, несфатливо и без никакво образложение се предлага укинување на обврската на Бирото за јавни набавки за јавни објавување на мислења и упатства за примената на одредбите од Законот за јавните набавки, со што се загрозува правната сигурност на граѓаните и усогласената и правилната примена на законот значително се отежнува. Ова претставува уште еден елемент од овој криминален обид за кроење на регулативата во корист на корумпираните државни функционери и нивните криминални спонзори“; истакнуваат од Левица.

Оттаму велат дека „овие измени не се ништо друго освен алатка за криминалната структура на новата власт. Како и нивните претходници од СДС-ДУИ, и новата гарнитура продолжува со истиот модел на коруптивно владеење, партизација на институциите и грабеж на јавните пари, кои граѓаните ги плаќаат преку осиромашување и економска бесперспективност. Потсетуваме, сето ова во услови кога корупцијата и криминалот против јавните финансии се казнуваат минимално поради одредбите на Кривичниот законик кои СДС лани ги изгласаа со кворум на пратениците на ДПМНЕ“.

Next Post

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk