ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Собраните раскази“ од Франц Кафка првпат на македонски јазик

December 16, 2024 13:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Намерата да се соединат „собраните раскази“ на Франц Кафка во една книга во Германија се појавила пред педесетина години, но во Македонија тоа се случува првпат по повод одбележувањето на сто години од неговата смрт и како дел од проектот „25 години Антолог е класика“.

-Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во творештвото на Кафка. Во текот на својот живот објавил само дел од нив. Повеќето од нив се објавени постхумно и против неговата волја. Книгата е поделена во три дела: раскази што Кафка ги објавил во своите книги во текот на животот, раскази кои не ги вклучил во книгите, но се објавени одделно на различни места, и раскази од неговата оставнина. Меѓу нив се наоѓаат и скици за романи, се наведува во соопштението од „Антолог“.

Делата на Франц Кафка се сметаат за клучни текстови на модерната литература, а оваа книга за првпат на македонски јазик ги пренесува сите сочувани куси прозни творби на еден од најголемите автори на едно место.

Преводот од германски јазик е на Ксенија Чочкова и на Душанка Каевска, а книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Фондот за книжевни проекти од Централна и Источна Европа, Амстердам.

Освен изданието, годинава под мотото „Метаморфозис“ или „Преобразба“ се одржа и Фестивалот BookStar, во чиј склоп беше организирана панел-дискусијата „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ со учество на универзитетските професори Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова, преведувачот Бобан Здравковски Андреевски а модерирана од Жарко Кујунџиски.

Со објавувањето на овој наслов симболично се заокружи годината која „Антолог“ ја посвети на класичните дела а во чиј склоп беа објавени голем број наслови од врвот на македонската, регионалната, европската и на светската литература:„Мостот на Дрина – Иво Андриќ, „Шинела и други раскази“ – Николај В. Гогољ, „Автопортрет со седум прсти“ – Ацо Шопов,„Злосторство и казна“ – Фјодор М. Достоевски, „Скарлетна студија“ – Артур Конан Дојл, „Избрани раскази“ – Антон П. Чехов,„Магла и месечевина“ – Меша Селимовиќ, „Травничка хроника“ – Иво Андриќ, „Пријател на сенките“ – Александар Ристовиќ,„Знакот на четворицата“ – Артур Конан Дојл, „Неточка Незванова“ – Фјодор М. Достоевски, „Госпоѓицата“ – Иво Андриќ,„Жените што трчаат со волците“ – Клариса Пинкола Естес, „Смртта на Иван Илич; Кројцерова соната; Отец Сергиј“ – Лав. Н. Толстој и „Собрани раскази“ – Франц Кафка.

-Сите книги беа преведени од изворниот јазик од страна на реномирани преведувачи, а за најголем дел беа направени нови преводи. На книгите беше истакнато и името на преведувачот, а кориците се авторство на Марко Трпески. Во 2024 беше воспоставена и директна соработка со „Здружението Иво Андриќ“ од Србија, кое е основано според последната желба на авторот целата негова оставина „да се сочува како целост“ и како легат за општествени и хуманитарни потреби, како и со наследниците на Меша Селимовиќ што е прв таков гест од македонски издавач. Исто така беше организирана промоција на „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов која осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), ги помести голем дел од неговите прозни записи на речиси шестотини страници. Книгата ја претставија проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Никола Ристановски, првенец на МНТ и Јасмина Шопова, ќерка и проследувач на делото на Ацо Шопов, се додава во соопштението.

Tags: „собраните раскази“Франц Кафка
Next Post

Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

НАЈНОВО

Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025
временско ехо пиколомини, скопјехитлер, мусолини, пикасо

Временско ЕХО – 25 октомври

October 25, 2025
Фото: МИА

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk