ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Николова: Без јавна дебата власта турка измени на закони со кои го уназадува образованието

December 16, 2024 10:30
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Образованието е надпартиска и надетничка тема, значајна за целото општество но пред се за младите и нивната идина. Затоа законите поврзани со образованието мора да бидат прашање на консезус во Собранието. Тој консензус се постигнува само со дијалог меѓу сите, и во ниеден случај не се постигнува со деструктивни тактики за исклучување на јавноста и на стручната фела, каков што е сега на сила турка измени власта на ДПМНЕ и Мицкоски, истакна на денешната прес-конференција Даниела Николова – пратеничка од СДСМ.

„Образованието на нашите деца е  многу сериозна тема за да се менува без знаење и вклученост на сите кои се засегнати. Квалитетот на образованието не смее да зависи од тоа кој е на власт и од политичари кои ќе сметаат дека светот започнува со нивниот мандат. И затоа е жално што сегашната Влада реши да ги повлече пакетот закони од областа на образование кои веќе беа влезени во собраниска процедура на почетокот на 2024 година, го поминаа првиот филтер на комисијатана, на кој се донесе и заклучок за организирање на јавна расправа. Образложението за повлекување на законите од процедура, министерката Јаневска го образложи со тоа дека го подобриле текстот на Законите. Но, она што го добивме како текст на законите е уназадување на предлог решенијата, одземање на правото на глас на средношколците, озаконување на дискриминацијата, враќање назад на процесот на инклузија  во образованието, вклучително и на децата со попреченост“, рече Николова.

Таа истакна дека „Комисијата за образование, наука и спорт, како и министерката Јаневска,  не покажаа демократски капацитет и не го прифатија нашиот предлог за јавна расправа по сите Закони кои беа ставени на дневен ред, односно 6 од кои 5 се сосема нови“.

Со тоа, нагласи таа, ја исклучија јавноста и стручната фела да ги искажат своите мислења и аргументи. Токму затоа сосема очекувана беше реакцијата од стрчуната фела како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот по педагогија при УКИМ и граѓанските организации кои се занимаваат со оваа проблематика.

„Во Законот за средно образование отсуствува можноста за организирање на средношколците на национално ниво што значи давање глас во одлуките кои ги засегаат. Ова значи враќање на режимското време од кое се роди средношколскиот пленум. На кого му смета гласот на средношколците? Ние како Социјалдемократски сојуз одамна ја апсолвиравме потребата за нови закони за образование. Во минатиот мандат предложивме измени кои сегашната власт ги блокираше. Но ние и тогаш, како и сега, велиме дека за образованието мора да има јавна дебата и консензус. Ние имаме демократски и државнички капацитет и можеме низ разговор да ги прифатиме добрите решенија но, не ги прифаќаме уназадувањата. Време е власта да сфати дека ова општеството не се враќа назад. Ние не се враќаме назад. Изградивме механизам кој ги штити најранливите, и нема да дозволиме негово отстранување. Спремни сме да разговараме низ дијалог во Собранието, вклучувајќи ги сите засегнати страни  да донесеме заедничко и добро решение кое нема да дискриминира“, наведе Николова.

Tags: Николоваобразование
Next Post

ОВР Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот Рамиз Мерко

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk