ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Средства за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите

December 18, 2024 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Северна Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, меѓу кои и за покачување на минималната плата на 450 евра во услови на растечки цени. Министерката одговори дека ќе обезбеди средства според договорот постигнат меѓу синдикатите и работодавачите.

Покрај за минималната плата, пратеникот Бочварски праша и за реализацијата на општинските проекти за кои се обезбедени финансиски средства, како и за средствата од ребалансот на буџетот за 2024 година.

Димитриеска Кочоска посочи дека буџетскиот дефицит е помал од претходно. Во врска со капиталните инвестиции, министерката најави дека следната година ќе има зголемување и дека ќе се разгледаат причините за досегашната ниска реализација.

-Не е точно дека буџетскиот дефицит е поголем, помал е. Во економијата бројките се егзактни. Во однос на минималната плата, како ќе кажат синдикатите и работодавците, така ќе направам, имам обврска тоа да го обезбедам. Во однос на капиталните инвестиции, ќе излезат работите на виделина и ќе видиме зошто имаме толку ниска реализација на капиталните инвестиции. Следната година ќе имаме зголемување, рече таа.

Министерката ги покани сите заинтересирани за подетални објаснувања и нагласи дека сите проекти ќе се реализираат како што било проектирано.

Таа, исто така, информираше дека тендерите за проектите на општините во износ од 100 милиони евра се распишани и реализацијата трае до 31 декември 2024 година.

– На 31.12.2024 ќе добиете точен одговор, ќе дадам податок во однос на општинските проекти, колку пари ќе бидат реализирани, дополни таа.

За следната година, таа изјави дека за овие проекти се планирани 250 милиони евра, со побрза динамика на реализација.

Пратеникот Бочварски истакна дека не е задоволен со одговорите и посочи „не можам да замислам министер за финансии да не даде ниту една бројка во одговорите“.

Tags: Кочоскаминимална плата
Next Post
Фото: Х

Украинското МНР ја поздрави резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која ја дефенира Русија како држава-агресор

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk