ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите, УСС на УКИМ апелира да се надмине проблемот

December 19, 2024 14:59
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.

-Затоа што билетите за 2025 не се продолжуваат на билетарниците на ЈСП. Од друга страна, од МОН се произнесоа дека се предвидени средства. Во текот на септември градоначалничката имаше дадено изјава дека има заостанат долг во неколку милиони денари којшто треба да се плати, покрај од страна на Министерството и Владата. Останува да почекаме одговор од страна на институциите. Доколку не, УСС на УКИМ ќе преземе соодветни реакции и мерки со кои ќе го искаже ставот. Смешно е студентите да немаат бесплатен превоз, мерка што е обезбедена десет години по ред од страна на Владата. Во програмата на сегашниот градоначалник беше мерката бесплатен јавен превоз за сите граѓани, а сега доаѓаме во ситуација кога се зборува за укинување на превозот за студентите што навистина не би било во ред за студентскиот стандард, изјави Николоски.

На прашањето какво образложение добиле од институциите, одговори рече дека „дел кажуваат дека нема да има бесплатен градски превоз“, а од ЈСП во телефонска комуникација им било кажано дека „се уште се чека одлука од Град Скопје“.

-Одговорот од МОН е дека има предвидено средства, чекаме да се произнесе дали ќе има или ќе нема за веќе да може да им ги продолжат картичките на студентите. Секојдневно комуницираме, во текот на идната недела веќе треба да има одговор од страна на институциите, изјави претседателот на студентската организација на УКИМ.

Доколку останат без бесплатен превоз, една од опциите, рече Николоски, е да протестираат пред институциите.

-Другата опција е активно да комуницираме и да притискаме мерката да продолжи затоа што ако МОН предвидело средства, треба МОН и Град Скопје како одговорни институции да се договорат што ќе прават со заостанатиот долг, а тековно да си продолжи бесплатниот градски превоз како мерка за студентите, додаде Николоски одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше промовирана иницијатива на Форумот за образовни промени за субвенциониран меѓуградски превоз за студенти што не студираат во градот каде што живеат.

На промоцијата присуствуваше и заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој на прашањето за проблемот со бесплатниот превоз на студентите во Скопје, колку пари должи МОН и дали се обезбедени средства во буџетот, кој Собранието го усвои минатата недела, не одговори конкретно.

-Одговорот на тоа прашање треба да го побарате кај градоначалничката бидејќи Министерството веќе има изнесен став. Овој проблем што сега е појавен е во одговорност на Градот Скопје и на градоначалничката. Можам да кажам дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за транспорт на студентите, но за тоа ќе треба да се донесе дополнителна одлука од страна на Владата. Буџетот треба да помине на Собрание, да не кажуваме бројки кои може да бидат изменети и додека се носи буџетот, рече Алиу.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова повика „институциите да престанат да си ја подаваат топката едни на други“ и, како што рече, „во најкраток можен рок, до крајот на неделава или наредната да го решат ова прашање на студентите“.

Драгана Бојкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собранискиот Клуб на млади, не прецизираше каде е проблемот и решението за превозот, но во изјавата се осврна на досегашните политики на Владата за подобрување на студентскиот стандард и условите во студентските домови.

Во својата изјава за медиумите таа соопшти дека во буџетот за 2025 се предвидени повеќе средства за субвенциониран студентски оброк и дека во договор со студентите ќе се одредува дали таа субвенција ќе ја има истата сума или ќе се зголеми опфатот на студентите што ќе го имаат тоа право.

Next Post

Калас: Избрзани преговори би биле лоши за Украина

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk