ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мајката на напаѓачот од Загреб: Го молев лекарот да не го пушта од психијатрија

December 20, 2024 19:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Мајката на 19-годишното момче кое денеска со нож усмрти едно дете и повреди уште три други во основно училиште во Загреб, изјави дека го молела лекарот да не го пушта од психијатриската установа, бидејќи верувала дека не е подготвен за живот надвор од институцијата.

– Тој има емоционално нестабилна личност, плус уште две дијагнози, и се самоповредуваше, рече мајката.

Таа додаде дека утрото таткото го однел во болница околу девет часот бидејќи од неодамна одел на дневни терапии. Според нејзините зборови, момчето било хоспитализирано неколкупати.

„Пред еден и пол месец, тој мене и баба му нè зароби во станот, ни ги одзеде телефоните и клучевите, и повторно заврши во Јанкомир“, раскажа таа.

Мајката изјави дека докторот „ладнокрвно го пуштил дома, оставајќи го семејството да се грижи за него“.

– Ноќите ги поминувавме во страв. Направивме сè што можевме за да го спасиме тоа дете, рече таа.

Мајката опиша како дошло до утринскиот инцидент: „Очигледно ја напуштил дневната болница, зел нож и го направил тоа што го направил. Не знам зошто го направи тоа. Во тоа училиште одеше пред пет години. Не знам што го натера. Чув дека се повредил и самиот.“

Денеска во основно училиште во Загреб влезе 19-годишно момче, уби еден ученик, повреди наставничка и тројца ученици, а потоа побегна во блискиот здравствен дом каде се обиде да се самоубие. Тој е уапсен и пренесен во болница.

Tags: Загребубиство
Next Post

МНР му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk