ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис предлага европски одбранбен фонд за одбранбените активности на ЕУ

December 20, 2024 10:00
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Потребна е мобилизација на европските ресурси за да постои, да речеме, еден европски одбранбен фонд, кој ќе може да финансира одбранбени активности што ќе се однесуваат на ЕУ во целина и дека ова не е конкурентна активност кон НАТО, туку апсолутно комплементарна и дека на овој начин би можеле да испратиме порака и до САД, кои заедно со претседателот Трамп, сигурен сум дека ќе ја притиснат ЕУ за повеќе одбранбени трошоци, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешната прес-конференција во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, Мицотакис изрази задоволство што по негова иницијатива ќе се одржи вонреден Самит на ЕУ на 3 февруари „со една и единствена тема европската одбрана“.

За ситуацијата во Сирија, грчкиот премиер повтори дека „Грција ќе има улога во регионот“, но и изрази надеж дека Сирија „нема да го следи патот на другите земји кои поминаа низ слични фази на отстранување на деспотските лидери, дека нема да се направат истите грешки што можеби беа направени во Ирак и во Либија, дека земјата нема да падне повторно во режим на нестабилност и анархија“.

– Во однос на прашањето за враќање (на бегалците), сметам дека прво што треба да истражиме е дали постои волја за доброволно враќање. А во исто време, да ги поддржиме, структурите, особено оние на ОН, што ќе обезбедат луѓето кои ќе се вратат да ги имаат барем основните потреби. Секако, како што знаете, Грција, како и многу други европски земји, практично ги суспендираше процедурите за доделување одлуки за азил на Сиријците, кои се во нашата земја од многу едноставна причина: бидејќи, по правило, овие одлуки имаа основно образложение, основно оправдување за причината поради која барателот на азил побарал заштита е дека е во опасност од режимот на Асад, кој повеќе не постои. Затоа треба да почекаме малку и да видиме како ќе се развива ситуацијата, објасни Мицотакис.

На новинарско прашање за Украина, грчкиот премиер рече дека позицијата на ЕУ останува цврста и продолжува и воената и економската поддршка, „бидејќи сакаме да на Украина да ѝ дадеме можност да преговара за евентуален мир со Русија по свои услови и во време што самата ќе го избере, но не во услови на слабост“.

Next Post

Кекева: Познавањето на македонскиот јазик за барателите на азил е посебно важно за комуникација со населението и институциите

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk