Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Кијив.
Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Кијив.
– При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.