ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Денес се навршуваат 12 години од „црниот понеделник“

December 24, 2024 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се навршуваат 12 години од „црниот понеделник“ кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Собранието на Република Македонија насилно ги избркаа новинарите и пратениците од опозицијата која се спротвставуваше на владиниот предлог-буџет за 2013 година.

На тој „црн понеделник“ пред 12 години, прво собраниското обезбедување ги отстрани новинарите, некои и со употрба на сила, од галеријата каде што беа сместени, наводно поради „безбедносни причини“, за веднаш потоа во собраниската сала да влезат голем број лица од собраниското обезбедување, но и полицајци во цивилна облека, за насилно да ги исфрлат пратениците на опозицијата.

Од опозициската СДСМ излегоа во соопштение во кое велат дека 24 декември е потсетник дека никогаш да смее да се заборават режимските методи на ДПМНЕ, но и после 12 години актуелната власт на ДПМНЕ со своите режимски практики најавува враќање на тие режимски методи.

-24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието. Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата. Новинарите беа исфрлени за да се сокрие вистината од народот, да не известуваат од тепањето пратеници. Тогаш, целата јавност ја виде суровоста на еден еден насилнички режим, а токму настаните од тој црн понеделник и неказнивоста на одговорните доведе до уште поцрн датум, до 27 април 2017 година кога режимот тргна да убива пратеници и вработени во Собранието, велат од СДСМ и додаваат:

„Прашањето е како се чуствуваат денеска исфрлените пратеници од Собранието кои се дел од ЗНАМ и во коалиција со истите тие што ги исфрлија? Дали политичкото лицемерие или лукративните причини за власт по секоја цена вредат толку за да се изневерат вредностите, сопартијците, слободата, демократијата?

Од СДСМ ја повикаа целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се спротивстават на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата.“

Д. Мишев/Цивил Медиа

Next Post

Собранието усвои неколку одлуки и две автентични толкувања од Законот за надворешни работи

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk