ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче до Мицкоски: Срамота е што вие дозволивте трговците тоа да го прават со цените

December 24, 2024 19:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– По шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чуствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со измама се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче во објава на социјалните мрежи.

Реалноста, вели Филипче, е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски.

„Граѓаните тоа најдобро го приметуваат кога ќе влезат во маркетите. Лажните кошнички за поевтини цени се трик на Мицкоски и трговците со што тие печалат на маката на луѓето. Го слушам денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате, а во јавноста глумите загрижен политичар. Касно е да ја префрлате вината за овој дебакл и грабеж на трговците, одговорноста е само ваша“, истакнува Филипче.

Тој нагласува дека вечерва во Битола разговарал со членовите на СДСМ, „сите ја делат загриженоста за лошите економски политики на Владата“.

Денеска премиерот Христијан Мицкоски ги обвини трговците за високите цени на прехрамбените производи. Срамота е ова што го прават пред празниците, рече Мицкоски.

Тој упати апел до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

Од Владата велат дека се опфатени повеќе од илјада производи со мерката „Новогодишна кошничка“, која важи до 15 јануари.
Надлежните очекуваа намалување на прехранбените производи за околу 10 проценти, но граѓаните се жалат дека не се забележува некое поголемо намалување на цените и дека се зголемени цените на основните прехранбени производи како брашното, зејтинот, јајцата и друго.
Ј. Ѓ.
Tags: МицкоскитрговциФилипчецени
Next Post
Фото: frontline.mk

Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk