ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиера на претставата „Фамилијата Адамс“ во Драмски театар Скопје

December 25, 2024 10:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе биде изведена вечер во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје.

Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. Во програмската белешка за претставата таа истакнува дека Фамилијата Адамс е “нормалното” во ненормалното.

-Како Светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална. Овие добро препознатливи и екцентрични ликови со мрачен хумор, сместени во т.н. гробница на Светот (каде се закопани нивните предци) – “танцуваат” во СВОЈАТА нормалност, во СВОИТЕ вредности за живот и смрт. Овој мрачен дом на Фамилијата Адамс е светилиште каде се слави смртта, но, се слави и љубовта – тајната состојка со која опстојува династијата Адамс. Светилиште во кое и нормалните стануваат ненормални на свој начин, вели Беговска.

Таа подвлекува дека во денешниот свет, каде секојдневието станува се’ поголем хаос, Фамилијата Адамс е можеби симбол за издржливост.

-Тие остануваат цврсти во својата посветеност еден кон друг, незасегнати од тој надворешен хаос. И така се’ до крај… се’ до крајот на животот… а и после тоа, наведува режисерката на претставата.

Ликовите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: ГОМЕЗ АДАМС – Предраг Павловски, МОРТИША АДАМС – Трајанка Илиева Вељиќ, БАБАТА – Гордана Ендровска, ВЕНЗДЕЈ АДАМС – Нина Елзесер, ФЕСТЕР АДАМС – Сашо Тасевски, ПАГЗЛИ АДАМС – Томислав Давидовски, ЛУКАС, момчето на Венздеј – Марјан Наумов, потоа ДЕБИ, поранешната љубов на Фестер – Емилија Мицевска, ТАТКОТО на Лукас – Златко Митрески и МАЈКАТА на Лукас – Маја Вељковиќ Пановска.

Ликовите на ДУХОВИ во претставата „Фамилијата Адамс“ ги играат студенти на Факултетот за драмски уметности и Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима: Јована Миладинова, Ема Лазарова, Луна Миќевиќ, Стефан Арсиќ, Кристијан Петковски, Енис Билаловиќ, Анастасија Митровска и Мартин Мазнев. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска.

Во уметничкиот тим што ја работеше „Фамилијата Адамс“ сеи сценографот Никола Пијанманов, костимографите Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, а музиката е на Енес Беговски. Кореографијата ја направи Бојан Лазаров.

Од Драмски театар ја информираат публиката дека во претставата се користат пиротехнички средства и нагласени звучни ефекти.

Претставата „Фамилијата Адамс“ ќе биде на редовниот репертоар на театарот, а првата наредна изведба е на 27 декември во 20 часот, посочуваат од НУ Драмски театар Скопје. 

Tags: Драмски театарФамилијата Адамс
Next Post

(ВИДЕО) Добрила Грашеска испеа божиќна и љубовна песна за грчкото „Фолкрадио“

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk