ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојуз на здруженија на лица со дијабетес со барања за подобра здравствена заштита до Влада, МЗ и ФЗО

December 25, 2024 13:14
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија, денеска достави барања за подобра здравствена заштита до Влада, Министерство за здравство и до Фонд за здравствено осигурување, информираа од СЗДСМ. Како што соопштија оттаму, се работи за барањa за задржување на нивото на квалитет на инсулини и иновативни терапии за лицата со дијабетес, обезбедување поквалитетни достапни помагала. Станува збор, како што појаснија, за приоритети дефинирани во Стратешкиот план 2024-2028, како и постојаните барања од страна на над 130.000 + лица со дијабетес во државата.

– Уште еднаш го изразуваме нашето, големо незадоволство како претставници на над 130.000+ лица со дијабетес во Република Северна Македонија, од немањето позитивен одговор ниту активност за нашите барања, за соодветна грижа преку обезбедување најсовремена терапија за да се спречат сериозните здравствени компликации со кои се соочуваат лицата со дијабетес во Република Северна Македонија, подвлекоа од Сојузот.

Оттаму побараа остварување на итните приоритети на лицата со тип еден и два на дијабетес. Притоа порачаа дека време е да се овозможи на пациентите со дијабетес во Северна Македонија, да имаат избор на квалитетни апарати и ленти за мерење шеќер во сите аптеки.

– Време е секое лице со тип еден дијабетес да го менаџира својот шеќер во крвта со CGM сензори, а медицински индицираните и со инуслинска пумпа. Време е да почнете на пациентите со дијабетес да им ја овозможите целосно и анти – дијабетната терапија, за да полесно се спречуваат компликациите. Честопати ни се кажува дека нема средства, дека не можеме да ги имаме како другиот нормален свет.  А кога ги немаме овие терапии и помагала, ние, лицата се дијабетес, ја плаќаме цената со нашите здравје и живот, алармираа од Сојузот.

Тие, како што пишуваат во барањата, веруваат дека може да ги разберат сите, зошто се незадоволни од властите.

– Сите ние како претставници на над 130.000+ лица со дијабетес во Република Северна Македонија, сакаме конечно да видиме промени во начинот на третирање на нашите барања за соодветна грижа и спречување на сериозните здравствени компликации, со кои се соочуваат лицата со дијабетес во Република Северна Македонија, пишува во нивните барања.

Од Сојузот ги нудат на располагање сите свои ресурси, логистички и човечки, во зедничко решавање и надминување на овој долгогодишен проблем на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија.

Next Post

ЦИВИЛ: Прославете безбедно – петардите и оружјето се забранети и опасни по живот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk