ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Горко велосипедско искуство на д-р Пановски низ скопските улици

December 26, 2024 09:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Никола Пановски искусил непријатно искуство возеjќи со својот велосипед низ улиците во Скопје – „психички сум сè уште во шок“.

Објавата од фејсбук-профилот на д-р Пановски ја пренесуваме во целост:

„По тоа што го доживеавме вчера, јас на велосипед и господинот во голем џип, ве преколнувам:

КОГА ЧЕКАТЕ НА СЕМАФОР, А СТЕ САМИ ВО АВТОМОБИЛ, ОСОБЕНО ЏИП, НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО МОБИЛЕН, ГЛЕДАЈТЕ ПРЕД ВАС, ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ!!!

Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ул. Никола Тесла со Илинденска (кај Трибека, и гим. Орце Николов), се движам по ул. Н. Тесла кон Илинденска со велосипед, закачувам за нешто со педалата, минувајќи меѓу колите кои чекаа на црвено, и тротоарот, и паѓам на стомак пред џипот кој чека прв на семафорот. Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу лица кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа, што прво со нeговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната потколеница која беше под рамот. Значи осети отпор и прикочи инаку, јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно. Значи, ако не гледате напред, а гледате во мобилен или на страна можеби под вашето возило во меѓувреме да паднал човек, дете итн.

Да ја завршам случката. За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав, крв од носот, очилата летнати (баш нови и скапи), ама ок. беа, лаптопот и мобилниот преживеаја, велосипедот во посмртни остатоци, ама ќе се поправи, велосипедот ем ме турна во смрт, ама и ме спаси. Возачот на џипот ме зема во возилото, велосипедот во багажник и ме однесе дома. Го оставив смачканиот велосипед во гаража, се качив на друг и отидов на седница на Совет на Град Скопје каде што бев и тргнат, истресов прашина и влегов во 11.30, доцнев 10 минути. По некое време гледам дека ме затега ногавицата кај потколеницата. Оток како тениско топче. На пауза отидов дома да се пресоблечам, кога потколеницата се наду како топка, и почнаа силни болки. Не можев ни до вц да одам без помош. Денес сум подобар, сам се движам, десната потколеница е само двапати подебела од левата, вчера беше трипати подебела и не ме боли. Лесни болки во рамо, колк, носот. Утре и ќе излезам од дома, значи ок сум физички, а психички сум се уште во шок, па затоа ја напишав оваа порака до возачите“.

 

 

Next Post

Доделени наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година

НАЈНОВО

Протест пред зградата на црногорската Влада, демонстрантите извикуваа „Турци надвор“

October 29, 2025

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 29 октомври

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk