ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Српска листа“ доби зелено светло за учество на косовските парламентарни избори на 9 февруари

December 26, 2024 14:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Централната изборна комисија Косово ќе чека да се завршат законските процедури, пред да го стави на дневен ред заверувањето на Српската листа за учество на изборите на 9 февруари, се вели во уредбата на Изборниот совет за претставки.

Според портпаролот на ЦИК, Валмир Елези, во одлуката на Изборниот совет за претставки и поднесоци има правна поука дека е дозволена жалба до Врховниот суд, во рок од 48 часа од моментот на донесување на одлуката, јавуваат косовските медиуми.

„Во решението на ПЗАП ( Изборниот совет за претставки) има правна поука, според која е дозволена жалба до Врховниот суд, во рок од 48 часа од моментот на одлуката. Затоа ЦИК пред да го постави ова прашање на дневен ред ќе чека да се завршат законските процедури“, изјави Елези.

ПЗАП пред еден ден го одобри приговорот на Српската листа, одлучувајќи да ја отфрли одлуката на ЦИК за не-регистрирање на овој политички субјект.

Советот и наложи на ЦИК да го завери политичкиот субјект „Српска листа“ и неговите кандидати за заменици, по препорака на Управата за регистрација, сертификација и финансиска контрола на политичките субјекти во ЦИК.

Според одлуката на ПЗАП, Српската листа  доставила комплетно пополнета апликација, согласно членовите 16 и 17 од Законот за општи избори и ЦИК е должна да го потврди секој политички субјект кој ги исполнува законските услови.

Пред три дена, на 23 декември, претставниците на Движењето Ветевендосје во ЦИК гласаа против заверувањето на Српската листа за редовните парламентарни избори во Косово, додека претставниците на другите партии беа воздржани.

На 7 ноември 2022 година, по одлуката за напуштање на институциите на Косово, пратениците на „Српска листа“ ги доставија и своите мандати до Собранието на Косово, а српските полициски службеници денеска го предадоа оружјето и униформите во полициската станица во северниот дел на Митровица.

Претходно, 17 советници на „Српска листа“  на општина Косовска Митровица заедно со градоначалникот, како и градоначалниците на Зубин Поток и Лепосавиќ дадоа официјални оставки од своите функции изминатиот викенд.

„Српска листа“ ги напушти  институциите на Косово по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на косовската полиција за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на Владата на Косово за пререгистрацијата на автомобилите со  регистарски таблички издадени од Србија во РКС – Република Косово.

На 1 ноември 2022 година, Владата на Република Косово започна со спроведување на планот за пререгистрација на табличките со српски ознаки на градовите во Косово, издаден од Србија, како што е КМ (Косовска Митровица). Планот за пререгистрација требаше да започне на 1 август, откако Косовските власти соопштија дека регистерските таблички ќе бидат заменувани со привремени и дека дополнителните полициски сили се разместени за имплементација на „реципроцитетот“.

Д. Тахири/Цивил Медиа

Next Post

Вол со шарветка не се покрива

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Венецуела вели дека ќе ги брани своите брегови од „тајни операции“ на САД

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

„Ел Класико“ денеска во Мадрид: 262-та пресметка меѓу Реал и Барселона

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk