Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски дека владата планира да го распуши Судскиот совет со разрешување на 5 членови е чекор кон целосна окупација на судството од стрна на власта. Мицкоски сака судството да го стави под негова контрола, реагираат од СДСМ.
Оттаму велат дека „ова значи газење на демократијата, газење на уставната поделба на власта и враќање кон мрачните времиња на политички прогон преку контролирани судии и судски процеси“.
„Целосно спротивно на сите реформи и на она што Мицкоски го потпиша во планот за раст пред само неколку месеци во Брисел. На овој начин Мицкоски ги фрла на буниште реформите во судството и презема целосна контрола и партизација на судството. По истиот рецепт од времето на Груевски, кога судиите беа алатки на режимот, а правдата беше глува за граѓаните. Мицкоски сака да биде и судија и егзекутор, да дели партиска наместо законска правда. СДСМ со месеци предупредува дека ова не е изолиран случај, туку стратегија на Мицкоски и неговата партија судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви. СДСМ остро ќе се спротистави на ова и ќе направи се да не дојде до оваа окупација на судската власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведфува во соопштението од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање за најавените чекори што ќе ги преземе после празниците за разрешување на членовите на Судски совет, рече дека „овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат“.
-Како Влада сигурно дека нема да работиме нешто што е спротивно на законот и спротивно на Уставот. Се разбира, било кој процес што е спротивен на закон и Устав немаме намера да го водиме , па така ниту овој. Но не би се согласил врз основа на оние мислења кои јас ги имам исто така од оваа област и од уставните експерти, дека ова е противзаконски и противуставно, начинот на којшто е потребно да се побара одговорност, рече Мицкоски одговрајќи на новинарско прашање кои се чекорите за разрешување на членовите на Судски совет што ги најавил, со оглед дека дел од правните експерти истакнале дека тоа можеби е противуставно.
Поврзано:
Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата