ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

December 31, 2024 11:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Драги сограѓани, драги сопатници во заедничкото македонско патување и патешествие, во нашето споделување на арното и лошото, денеска е тој ден, најден, со заслужени суперлативи – најдолг, најсреќен, најубав, ден кога нешто оставаме како спомен од минатото и со себе ја земаме надежта за поубава година, се наведува во честитката што денеска ја упати претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници.

Во годинава што изминува, посочува, бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.

Новата година, нагласува во честитката Сиљановска-Давкова, е момент да се направат многу нешта во пријатна атмосфера, но и момент да се потсетиме дека некои храбри луѓе бдеат над нашата благосостојба. Новата година, додава, секогаш буди оптимизам, надеж и раѓа нови можности.

– Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние секогаш имаме обврска да чекориме напред и кон подобро, заради нас самите, заради нашите деца и за општото добро. Мудриот рекол една гранка лесно се крши, но кога десет гранки ќе се сплотат, тоа е невозможно. Живеејќи во свет на искривени вредности, да испратиме пораки дека заедно сме посилни и посреќни. Да им подадеме рака и на немоќните, на лицата коишто живеат на маргините, потребни сме им, но и тие нам. Да изградиме општество во кое секој ќе има шанса за пристоен и достоинствен живот, ранливите  ̶  поддршка, а младите  ̶  инспирација, мотив и иднина. Имаме насушна потреба од еколошка правда и договор со природата, но не како наметната обврска, туку како предуслов за извесна иднина, порача претседателката Сиљановска-Давкова.

Таа меѓу другото додава дека како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице, да ја кажеме нашата долговековна приказна, да веруваме во нашиот македонски сон.

– И како човек и како претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води. Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат, порачува во новогодишната честитка претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.

Tags: Нова ГодинаСиљановска Давковачеститка
Next Post
Фото: Горан Наумовски / ЦивилМедиа

Рубриката По допрен глас ја депонирам во архивите на Цивил Медиа и тоа онака топтан со се серијалот Една Реченица на кој му ставам – точка

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk