ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Рубриката По допрен глас ја депонирам во архивите на Цивил Медиа и тоа онака топтан со се серијалот Една Реченица на кој му ставам – точка

December 31, 2024 11:45
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фото: Горан Наумовски / ЦивилМедиа

Фото: Горан Наумовски / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Секое нешто си има свој почеток но не и крај каква што судбина и стокмив на оваа Една Реченица по нејзиното двеипол годишно талкање во рубриката По допрен глас на престижниот ЦивилМедиа, медиумската платформа на Цивил, Една Реченица со која ги нервирав лекторите, го малтретирав уредникот Дехран кому често речениците за објавување му ги праќав пред полноќ па и по полноќ, со овој мој измислен новинарски формат во кој посебна инспирација беше предизвикот секоја од Речениците да завршат, да поентираат со нивниот наслов, го тревожев Главниот уредник Џабир кој поради неговиот широк демократски капацитет без поговор го толерираше овој мој новинарски хир, овој журналистички експеримент што безрезервно го подржуваше и кој, кога Реченицата ќе ми забегаше со нејзиниот обем, кога како оваа ќе станеше робусна до непретпознатливост за една реченица и кога во нему својствен манир на суптилна критика со право ќе ја наречеше Реченицаипол која пак, каква таква, еве некако се дотркала до бројката 134 еднореченични коментари со кои, како и со овој 135-иов, се обидував сосема ненаметливо да упатам дека во ова пребрзо дигитално време, аргумент, факт, став, може да се пренесе и во малку редови, во само една реченица и притоа да се каже сè, а тоа дали овој авторски опит успеа или не, одговорите ќе ги даваат читателите на ЦивилМедиа и на Амбиент 7 каде што, како што запнал издавачот, Речениците ќе ги сместел и меѓу кориците на последниот том од овој печатен серијал но, како и за се, конечниот суд, нели, го дава времето пред нас па, по оваа конкретнава последна Реченицаипол како што би ја именувал Џабир, да здивнеме сите, вклучително и нејзиниот автор и, исто како што на овој датум денот ѝ става точка на годината, така и јас, кажано во оваа Последна Реченица, рубриката По допрен глас ја депонирам во архивите на ЦивилМедиа и тоа онака топтан со се серијалот Една реченица на кој му ставам – точка.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Од патарина инкасирани 64,7 милиони евра

Shortcut

Најново

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk