ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата со мртвата мечка на заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго

January 3, 2025 14:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ХРОНИКА
Фото: Анима мунди

Фото: Анима мунди

Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго

Од Обвинителството во Битола, вчера за „Независен“ потврдија дека веднаш оформиле предмет.

„По објавата по медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Обвинителството ќе се обрати до Здружението ‘Анима мунди’ да ни ги достават нивните материјали како и евентуалните пријави кои ги доставиле до МВР или други државни институции“, изјави за „Независен“ обвинителката Оливера Нечаковска.

Бурни реакции во јавноста предизвикаа фотографиите кои ги објави здружението „Анима мунди“, на кои се гледа заменик-директорот на „Македонијапат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, како позира со пушка со оптички нишан и со мртвото животно. Дранго, во изјава за „Телма“ тврдеше дека тој не ја застрелал мечката, туку таа била усмртена во сообраќајна несреќа, а тој бил на местото како дел од неговите работни обврски, па заедно со вработени во јавното претпријатие само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.

„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во ‘Македонија пат’ бев таму, за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста Ротино, битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, коментира Дранго во медиумите за објавената фотографија на која тој позира со убиена мечка, а позади него се гледа ловечка пушка со општчки нишан..

Меѓутоа, извори од СВР Битола за „Независен“ велат дека сообраќајката на патот Битола-Ресен која ја спонемува Дранго се случила на 4 ноември лани, меѓу селата Цапари и Ротино, и дека сообраќајката ја предизвикало мече, а не мечка како што е на фотографијата на Дранго.

Според информациите кои ги објави „Анима мунди“, Дранго мечката ја застрелал во декември 2024 година. Според нив ова не е само кривично дело туку и тежок удар за угледот на институцијата која тој ја претставува и очекуваат негово разрешување.

„Таа фотографија со сите детали ни ја испратија на нашата електронска пошта. Исто така, ни кажаа дека имало и обид да се пријави, но тоа било скриено дури и од лица кои работат во МВР. Уште пострашен е фактот што се работи за носител на јавна функција, заменик-директор. Јас очекувам дека надлежните институции сериозно ќе се занимаваат со ова, добро ќе го истражат настанот и тој ќе одговара како што налага Кривичниот законик“, изјави Гизела Бошковска од Анима мунди за Телма.

Во членот 11 од Законот за дивеч и ловството  пишува дека мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането, додека во членот 14 е наведена трајната забрана за лов на мечки. За отстрел на мечка предвидена е и парична казна од 18.000 евра за мечка постара од две години, додека Кривичниот законик во членот 22

-Мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането. Фотографиите до кои дојде „Анима Мунди“, покажуваат дека Дранго откако ја убил мечката, ладнокрвно позира со неа како да е трофеј, што само го отсликува неговото умоболно хоби, за што говорат и неговите фотографии од убиени различни диви животни на социјалните мрежи – реагира здружението. Оттаму, се отвора прашањето дали Дангов е недопирлив за правдата само затоа што е политичар и колку пати го има извршено овој монструозен чин?

Анима мунди ја поздрави веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија, посочувајќи дека тоа е добар чекор кон разрешница, доколку сакаме да се наречеме правна држава.

Истовремено, бараат да се провери дали во месец декември постои пријава за убиство на мечка во некоја од надлежните институции или пак ОЈО, и доколку има пријава, дали службеници од МВР и пратеници се труделе да го сокријат случајот?

Воедно, од здружението побара од министерот за внатрешни работи да провери и да ја информира јавноста, дали Дранго кој на сликиве го гледаме во ловечка униформа, наоружан со снајпер и двоглед, има забрана за користење оружје и истото му е одземено во предходна постапка, т.е. дали овој снајпер кој го гледаме сите е држен спротивно на закон?

М. Д. / Цивил Медиа

Next Post

Истрага за убиство при семејно насилство во Тетово, предложен притвор

НАЈНОВО

Ray Giubilo / Instagram @raygiubilo

Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk