ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Комеморација во Цетиње: Загубата на 12 животи остави празнина во срцата

January 4, 2025 14:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По повод масакрот што се случи на 1 јануари во Цетиње, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом во овој црногорски град се одржа комеморативна седница во чест на жртвите.

Комеморацијата започна со минута молчење за жртвите, по што беше нагласено дека ова е еден од најголемите предизвици кои ги погодиле Цетиње и Црна Гора.

Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, истакна дека со тагата која ги обедини сите, се собрале пред еден од најтешките предизвици што ја погодил заедницата.

– Уште една незапаметена трагедија ги погоди Цетиње и Црна Гора. Загубата на 12 животи не остави во шок и неверување. Особено боли загубата на двајца ангели, симболи на невиноста. Оставија празнина во нашите срца. Единствено што можеме е да изразиме искрено сочувство на семејствата и да им помогнеме во нивната болка, изјави Ѓурашковиќ.

Тој додаде дека ова не е само загуба за семејствата, туку и за целото општество.

– Сите треба да се запрашаме – зошто вакво нешто повторно се случи и зошто како општество го дозволивме тоа. Државата мора системски да реагира. Тоа им го должиме на жртвите и нивните семејства. Одговорноста мораме и сакаме јасно да ја бараме, подвлече Ѓурашковиќ.

На комеморацијата присуствуваа претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ, бројни министри од Владата на Црна Гора, претставници на локалната власт, како и членови на семејствата на трагично загинатите.

Во пукањето што се случи на 1 јануари во Цетиње, беа убиени 12 лица, а шестмина беа повредени. Напаѓачот, Ацо Мартинојевиќ (45), по крвавиот напад изврши самоубиство.

Поради трагедијата на Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари.

Next Post

Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени

EVN

НАЈНОВО

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026

Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

January 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Инстаграм

    Бруклин Бекам ја прекинал директната комуникација со родителите за да го заштити менталното здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Џорџ Клуни со „скриена прозивка“ кон Трам на доделувањето на Златни глобуси 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk