Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Вмро е нашиот јулијански тоефел.
Сертификат за фалсификувана нација.
Лажна нација.
Историската и актуелната политичка легитимација во тоа зло значи дека сите ние како Македонци сме во позицијата на новиот директор на Агенцијата за безбедност.
Нашите папири, а во последните триесет и кусур години и пракси, се лажни.
Ние сме болни од канцер, а пиеме парацетамоли.
Затоа што канцерот ни вели дека имаме само блага настинка.
Не освојува со помош на разни фервекси. Додека последното зборче не ни се заглави на врвот на јазикот.
И очите не ни се склопат.
Што ќе се случи многу бргу затоа што болеста од вмро е во терминална фаза.
Еве една нова илустрација на темава:
Еден премиер, два министри, директор на ЈП и градоначалник се собраа на едно место за да ни кажат дека мостот кај Башино Село ќе се санира.
Пишува Ристо Џанговски на својот фејсбук профил.
За вакво нешто, вели Ристо, има една народна:
СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА!
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со премиерот Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес, Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид на мостот кај Башино село.
Се разбира, мостот е важна работа и треба да се санира, но тоа не значи дека бабата може да се чешла и да не заебава, додека убавите села, убаво горат.
Со се селото на Баша, нормално.
Како и секое село во кое влегла некоја чета на вмро во последните 130 години.
Пепел се сторивме!
Со тоа што јас мислам дека четата кај Башино село беше појака од сите манекенски чети во вековната историја на оваа злосторничка инсталација.
Сега и е редот Македонија.
Да гори како некое големо село.
Стојан Че тука е немоќен.
Го пренесов статусот на Ристо затоа што е луциден и затоа што во времето на мајчинската грижа за мостот кај Башино село, се случи проширувањето на Шенген зоната со Романија и Бугарија.
На картата на која земјите во Шенген зоната се обоени во сино, а оние кои не се-во бело, Северна Македонија е офарбана во каква боја?
За три-четири години и Албанија ќе стане дел од овој простор на слободен проток на луѓе, стоки, услуги. Така ќе биде затворена европската клешта околу оваа државичка која реши на вмро да му ја додели задачата да ја претвори во зона за дефекација на Континентот.
Хахаха!
Најдобра дефиниција на статусот на Нордот, по официјалната картографска потврда, не од Јулија, туку од Урсула, даде мојот пријател Љубомир Шоповски:
Дами и господа, браќа и сестри: Ние сме шупакот на светот!
Урааа!
Многу бргу нема да бидеме ни тоа.
Ќе останеме факеси залепени за влакната околу шупакот.
Во исто време додека главните хемороиди во шупакот расправаа за Голден гејтот кај едно село, беше објавена и мапата на транспортните коридори во источна Европа, од Балтикот до Егејското и Црното море. Во тој проект кој ќе биде завршен многу скоро, Македонија е голема темна корпа за отпадоци што камионџиите и патниците со возови и автомобили ќе ги фрлаат додека јурат кон Грција или Турција или обратно кон
Романија, Унгарија, Полска, Германија, Норвегија…
Злото реши дека наш приоритет е брзата пруга до Солун и Белград, правец кој беше наша стратегиска предност, но во новите констелации го загуби тоа значење и се претвори во локална мрежа за патување до Солун на бричење.
Со пајтон.
Или со чеза за посиромашните.
Во Белград викаат: џабе правевме толку патишта кога главниот сообраќај се изместува сто-двеста километри источно.
Значи, тоа е македонската гордост за која на вмро не му требаа ниту сто дена за да му ја отвори на челото на Македонецот, како мало дупче по кое во цел свет ќе го познаваат како будала.
Забележувате ли дека исчезнавме од европскиот дискурс.
А познато е дека субјектот постои само во очите на посматрачот.
Професионалните возачи стравуваат дека ќе останат без работа или дека работата ќе им стане многу скапа.
Јас мислам дека сите шофери гласаа за вмро и им се смееја на колумните на Тричковски во кои јасно беше напишано дека вмро ќе им ги дупне гумите.
И на шоферите и на сите други сектори.
Доаѓа катастрофата, драги мои.
Освен за мостот кај Башино село.
За транспортот се врзани многу работи.
Ќе се јават проблеми кај инвестициите, кај производството, кај извозот, кај џидипито, со еден збор, кај животот кој под вмро закономерно ќе стане победен, понесигурен и побесмислен.
Патувањата ќе бидат попроблематични. Бугарија е сега крајна граница на Шенген зоната и таа улога и наметнува построги стандарди.
Во меѓувреме нацијата ги обожава локалните теми повеќе од турските и шпански серии.
Каде се крие Груби или што вика мечката за својата смрт од куршумот на Сашо.
Тоа се несомнено важни теми, но јас имам впечаток дека високото ниво на вклученост на јавноста доаѓа, меѓу другото, како покритие за отсуството на расправа за главната тема, за проблемот над сите проблеми, за срањето од почетокот на овој текст со кое се шминкаме со години.
Од страв или од срам, од резигнација или очај, од “ме боли курот” до “мене политиката не ме интересира”- не знам, но знам дека има нешто алибично во тоа поведение.
Кое на свој начин го потврдува фалсификатот, не на Христовски, туку на нас како нација.
Нема најави дека камионџиите ќе ја блокираат Македонија сè додека оваа злосторничка власт не падне.
Толку силно што повеќе никогаш да не може да стане.
Во тоа можат да бидат сигурни само ако со камионите поминат преку неа!
Неколку пати.
Напред и во рикверц.
За секој случај.
Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.