Австриската конзервативна народна партија (ОВП) го избра генералниот секретар на партијата Кристијан Стокер за привремен лидер и наследник на канцеларот Карл Нехамер, кој ја најави својата оставка поради неуспехот на коалициските преговори, објави денеска виенскиот весник „Кронен цајтунг“, пренесува МИА.
Во извештајот на овој австриски таблоид се наведува дека Стокер (64) ќе ја преземе улогата на привремен лидер на ОВП.
Австрискиот претседател Александар ван дер Бел треба да и се обрати на јавноста подоцна денеска, откако не успеаја обидите да се формира центристичка коалициска влада без екстремно десничарската Партија на слободата.
Поврзано: