Од Поликлиниката Драчево вчера во 10:07 часот во СВР Скопје пријавиле дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од скопското село Студеничани.
– Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.