ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Влатко Ѓорчев – нишај партиска врата, лапај државна плата

January 6, 2025 15:27
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Критиките дека Влатко Ѓорчев, националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, откако доби државна функција ги заборави сопствените заложби кои ги практикуваше додека беше во опозиција, а се однесуваа на „егзодусот“ на учениците во Северна Македонија, очигледно не влијаат на докажаниот партискиот војник.

Мува не го лази националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, ниту за демографијата, ниту за маладите ( освен ако не се работи за УМС), ниту за отпишувањето на учениците од основните и средни училишта во земјава, ниту за празните училници, ниту за критиките. Си се закачи Влатче на државани јасли, цица од буџетот кој го полнат сите граѓанки и граѓани, и си тера партиска агенда.

Национален координатор е само според изворот на неговите приходи, односно од каде прима плата, инаку називот и описот на измислената функција за „ухлебување“ на партиските полтрони би требало да биде – партиски координатор. Барем тоа може да се заклучи од активностите кои Влатче ги објавува на својот Фејсбук профил: Партиски предавања, седенки со Општински комитети, централни одбори и членството на ВМРО – ДПМНЕ.

Демир Капија – состанок со ОК и членството, Гевгелија – работен состанок со ОК и членството, Богданци – Срдечна средба со граѓаните, членството и активистите, ОК Дојран – одличен состанок и добра атмосфера, се партиските активностите на националниот координатор со државни пари. И тоа само во ноември.

Истовремено, со парите на граѓанките и граѓаните кои од буџетот се одвојуваат за платата на координаторов/вмровски активист, наводно во висина од 120.000 денари месечно, тој почнал да си тера изборна кампања за локалните избори.

Ќе победиме на локалните избори 2025, со гордост ќе изјави во Богданци додека гордо ја троши буџетската сметка.

Па после „патриотиве“ги опструирале, ги кочеле и не сакале отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Па ваква јагма, и овци за стрижење никаде нема да најдат.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post

Папата Франциск ја назначи првата жена на чело на канцеларијата во Ватикан

НАЈНОВО

Николовски: Оставка од Трипуновски затоа што остави илјадници земјоделци без пари и блокираше 130 милиони евра

November 18, 2025

Били Ајлиш и Илон Маск во жесток онлајн судир поради богатството и одговорноста

November 18, 2025

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk